Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Доделени стипендии од областа на ИКТ на ученички од Скопје

Доделени стипендии од областа на ИКТ на ученички од Скопје, првенки на генерација

Photo_nagradi_2

На ден 11.09.2012, вторник во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа Прес конференција на која Министерството за информатичко општество и администрација и МАСИТ го поддржаа доделувањето на Семос Едукација на  10 бесплатни обуки на ученички од Скопје до 15 години, кои се првенки на генерација.

Доделувањето на стипендиите е уште една активност во рамки на меѓународната кампањата На технологијата и се потребни девојки во организација на ОН, која беше одбележана во месец април на иницијатива на заменик Министерката за информатичко општество и администрација Г-ѓа Марта Томовскаподдржан од Министерство за образование и наука и МАСИТ.

Photo_Nagadi_1

Обуките во времетраење од два месеци , ќе стартуваат на 15 септември во Семос едукативниот центар, каде секоја од ученичките ќе може да си одбере обука. Тоа ќе претставува извонредна можност девојките да ги осознаат основите на програмирањето, дизајнот, компјутерската анимација, или пак да ги направат првите чекори како јуниор мрежни администратори.Квалификациите со кои ќе се стекнат ученичките заедно  со знаењата од нивното натамошно образование претставуваат капитал којшто ќе придонесе за развој на Македонија, како современо и модерно информатичко општество.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 75 280 506
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 Insta_icon yt_icon_2 twitter_icon_2

Events

No events