Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“

Konferencija-13.12.2017-1

Преку интернационализација на стопанството во Република Македонија до поголем економски раст

Во насока на зајакнување и зголемување на конкурентноста на македонската економија со цел поефикасна интернационализација на стопанството во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 13.12.2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се  одржа Форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст”. 

Воведно обраќање на Форумот имаше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, која истакна дека Проектот има за цел микро и малите бизниси од Македонија да ја унапредат нивната усогласеност со законската регулатива, а бизнис организациите, како што се стопанските комори, да придонесат во процесот на воспоставување конструктивен јавно-приватен дијалог, во насока на подобрување на регулативата.

„Имајќи го предвид фактот дека најгорливите прашања за компаниите најчесто се од правна природа и се поврзани или со менување на определени прописи заради ефикасна и недвосмислена примена, или со соодветно доследно применување на она што е пропишано со закон, улогата на стопанските комори се состои во спојување на нашето искуство и капацитети, во насока на подобрување на размената и пристапот до информации, зголемена финансиска и правна усогласеност со регулативата, подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите, барањата и иницијативите на бизнис заедницата, како и влијание врз севкупните економски текови“  - истакна Милевска Штрбевска.

Konferencija-13.12.2017-2

Свое обраќање на Форумот имаше проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој што го поддржа денешниот форум и истакна дека иако Македонија е мала држава и има мала економија, за да има успешен економски развој потребна e извозна ориентација бидејќи македонскиот извоз учествува со 53% во бруто домашниот производ, но за сериозен економски раст тој процент мора да се зголеми на 60% па дури и до 70%. Проф. д-р Анѓушев најави дека Владата на РМ за 2018 година ќе работи на конкретни мерки со цел стимулација на македонските компании и владеење на правото за политичка и економска стабилност. Тој посочи дека постојат реални услови за сите компании во Македонија да ги прошират своите извозни капацитети и да креираат производи и услуги коишто ќе бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на странските пазари и јавно ги повика сите домашни компании да инвестираат во Македонија.

На Форумот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој, УСАИД во Македонија, кој истакна дека УСАИД во Македонија  е веќе 25 години и посветено работи во делот на економскиот развој, а главен  фокус е подобрување на бизнис климата во Македонија, поттикнување на извозот и финансиска поддршка на компаниите.

 Извозот е многу важен за мала земја како Македонија, развивањето на нови производи и услуги со додадена вредност е значајно за компаниите, а особено значаен е јавно приватниот дијалог за двете страни, со цел подобрување на конкурентноста на компаниите за настап на нови пазари“ -посочи Гонзалез.

Konferencija-13.12.2017-4

На Форумот свое обраќање имаше и Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, кој посочи дека со поддршка на УСАИД сите четири комори од Македонија се инволвирани како партнери во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје, и посветено работат на подобрување на проблематиките со коишто секојдневно се соочуваат компаниите.

 Форумот беше поделен во три панел-дискусии на коишто учествуваа експерти, професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на три значајни теми, и тоа: „Градење на конкурентноста и зголемување на извозните потенцијали на македонските компании во процесот на интернационализација“; „Настап на нови пазари и дефинирање на конкурентните сектори во македонската економија како неопходни чекори во елиминирање на бариерите во процесот на интернационализација - препораки и заклучоци“ и „Интернационалните искуства како поттик за зголемување на извозот на македонските компании“.

Konferencija-13.12.2017-7

Проектот е имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Сите заклучоци кои беа истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, за преземање конкретни мерки за поддршка на компаниите и нивните извозни активности.

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
Bul. Partizanski Odredi no. 4
(main entrance of Makedonija Soobrakaj)
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018