Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Интервјуа со вработени во компанијата Унет во рамки на Проектот за преквалификација на ИКТ кадри

 


Во периодот помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот и соработка со Seavus Education & Development Center го спроведе проектот за преквалификација на ИКТ кадри во рамки на кој кандидатите имаа можност да се пријават и да се пре-квалификуваат во два профили - .NET developer и Front End Web Developer. Обуката успешно е завршена од стрaна на вкупно 38 кандидати во рамки на која имаа можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство кои се потребни на ИКТ компаниите со што би потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите.

Ви пренесуваме успешна приказна во рамки на Проектот, односно се работи за кандидатот Христина Јосифоска која максимално ги искористи стекнатите вештини и знаење од обуката. Таа успешно ја помина практичната работа во компанијата Унет и ја продолжи својата кариера со нова професија во ИТ светот.

Подолу во целост можете да ги прочитате интервјуата со Христина и Соња Спиридонова, кои со задоволство го пренесуваат своето искуство, предлози и став за спроведениот проект.

 Интервју со вработена - Соња Спиридонова, Sales Manager, Унет

1. Како го цените во моментов пазарот на трудот, во сегментот на ИТ кадри?

Пазарот на трудот во Македонија во сегментот на ИТ кадри, се карактеризира со голема понуда но и со голема побарувачка, генерално. Но, како и во останатите сегменти и тука постојат професии кои се повеќе барани од останатите, професии за кои има повеќе интерес од останатите. .NET developer и Front End Web Developer се едни од професиите кои се актуелни и барани на пазарот и токму затоа новите генерации но и искусните професионалци покажуваат се поголем интерес за нив. Во Македонија, домашните ИКТ компании нудат можности за персонален развој, за усовршување, стекнување на вештини и конкретна примена на она што е научено и совладано во текот на образовниот процес. ИТ инженерите кои стекнале знаење, искуство и вештина во компаниите во Македонија, високо котираат и добро се снаоѓаат и надвор од нашите граници, на глобалниот ИТ пазар.

Sonja_S

2. Кои јазови на пазарот на трудот се покриени со проектот за прекфалификација?

Развојот на веб апликации е процес кој е пред се динамичен, секој проект е своевидна приказна за себе, нуди нови предизвици, нови контакти, нови сознанија. Проектот за преквалификација прецизно и таргетирано ги опфати токму овие два профили .NET developer и Front End Web Developer кои тимски работат во реализацијата на web проектите. Професионалците кои од одредени причини во текот на своето редовно образование не се определиле за изучување на овие профили и ја препознале растечката потреба на пазарот на трудот токму од овие професии како и можностите кои се нудат за персонален развој како и тимската работа од македонските ИКТ компании, во овој проект ги препознаа шансите кои им се нудат за нов почеток и влез во ИКТ секторот кој е во голема експанзија и тоа на глобално ниво.

3. Дали сметате дека проектот за прекфалификација на кадри ги постигна зацртаните цели?

Унет, како компанија со долгогодишно искуство од +20 години во ИКТ индустријата, беше инволвирана во овој проект, учестуваше во него и го следеше развојот на кандидатите во текот на нивната обука како и нивните финални презентации на проектите кои тимски ги имаа сработено. Во процесот на евалуација, во кандидатите препозна потенцијал, голема желба за успех и напредок, совладано знаење до одреден почетен степен и од таму сметаме дека овој проект ги постигна зацртаните цели. Покрај ова отвори и нов начин на конципирање на пазарот на трудот со можност за брза одговор на динамиката на ИКТ индустријата. Одреден број на кандидати беа повикани на интервјуа и им беше понудена пракса со можност за идно вработување на работно место за кое се преквалификуваа. Сметам дека оваа пракса е многу корисна како за професионалците така и за ИКТ копманиите.

4. Вие сте една од компаниите која директно вработи прекфалификувано лице. Колку сте задоволни од профилот и дали соодветно одговара на позицијата?

Токму така. Благодарение на обуката која ја помина во проектот за реквалификација на кадри, организиран од страна на МАСИТ, дипломиран економист, во нашата компанија УНЕТ, сега работи на работно место Front End Web Developer, сосема солидно се прилагоди и одговара на секојдневните предизвици.

5. Соглано проценките на движењата на ИТ пазарот во Македонија, дали има потреба од продолжување на проектот и во кои правци?

Со оглед на фактот што во Македонија е голема стапката на невработеност, на пазарот на трудот има огромен број на различни профили кои многу тешко можат да најдат работа соодветна за нивната квалификација а од друга страна постои експанзија на ИКТ секторот кој има голема потреба од сите видови на профили, па оттука преквалификацијата на кадрите е проект кој сметаме дека треба да продолжи и понатаму. Со преквалификацијата, невработените лица во Македонија односно вработените надвор од ИКТ секторот, препознаваат шанса за нови почетоци и можност за полесно и побрзо да се дојде до ново вработување или подобро платено работно место во ИКТ секторот.

Aneta_Peseva

Г-ѓа Анета Пешева, генерален менаџер на Ултра – Унет,
Заменик Претседател на Управен одбор на МАСИТ

Интервју со ново вработена - Христина Јосифоска, Front End Web Developer, Унет

1. Опишете го накратко вашиот кариерен пат од образование до сегашното вработување?

Како студент на Економскиот Факултет во Скопје, на департман е-бизнис, се здобив со основни познавања за информациските технологии и веб дизајнот.   Самоиницијативно започнав со изучување на основните технологии HTML и CSS, како и изработка на дизајни со Photoshop. Од таму и мојот интерес и моите амбиции да продолжам и да се усовршувам во тој правец.

Hristina_2

2. Кои беа мотивите за вклучување во проектот за прекфалификација?

Пред се, мојата лична амбиција за повеќе,  но и за следење на тековите на глобалниот пазар во правец за доминација на ИКТ професиите. Благодарение на искусните предавачи и добро поставената методологија на проектот, се здобив со силна техничка основа, вклучувајќи HTML, Javascript и CSS и конечно го работам она што навистина ме исполнува.

3. Вие сте во моментов квалификуван Front End Web Developer. Како го оценувате проектот за прекфалификација низ призма на ваше професионално подготување со оглед на тоа што сменивте професија?

Програмата за преквалификација особено ми помогна во стекнување на  потребните вештини и примена на истите на моето ново работно место.  Програмата се фокусираше не само на учењето на основите, туку и на практичната примена базирана на информациите што ги научив. На крајот од  обуката,  искусивме тимска работа на проект, кој подоцна беше и презентиран пред ИКТ компаниите кои беа вклучени во проектот. Секако, за успех во сето ова, се бараше посветеност од наша страна, навремено завршување на домашните задачи, за да на крај имаме позитивен исход. Проектот е одлично конципиран и насочен кон одговор на актуелните движења на ИКТ пазарот.

4. Како и со која динамика се интегриравте професионално во УНЕТ?

Како дипломиран економист, по завршување на програмата за преквалификација, успешно се интегрирав во процесите во Унет, на моето ново работно место како Front End Web Developer во одделот за равој на web проекти. Ценам дека оваа професија има сегашност и иднина и со неа можам да придонесам кој развојот на Унет. 

5. Кои се вашите препораки за продолжување на проектот за прекфалификација во иднина и во кои правци и професии?

Сметам дека проектот треба да продолжи на истиот принцип, со опфаќање на подолг временски период за обука, за успешно градење на потребните профили кои ИКТ индустријата ги бара. Ова е брз и ефикасен начин да се одговории на динамиката на оваа индустрија.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

MASIT_Novogodisna_zabava_2018