Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ОДРЖАН ИНФОРМАТИВЕН НАСТАН НА ТЕМА „ЈАВНИ НАБАВКИ“, ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ НА УСАИД - „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС

 

 

 

USAID-14.02.2018-2

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 14 февруари 2018 година во Сопанска комора на Македонија“ - Скопје, се организираше информативен настан на тема: „Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки” во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки на РМ.

Информативниот настан беше спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

На настанот присуствуваа Министерот за финансии, г. Драган Тевдовски кој ги претстави реформите во јавните набавки, како и истакнати експерти во наведената област кои го презентираа нацрт текстот на новиот Закон за јавни набавки.

- Законот за јавни набавки е дел од Програмата за управување со јавни финансии 2018-2021 година. Оваа стратегија ја водиме заедно со Европската унија и таа има за цел да го реформира системот на јавните финансии. Преку оваа стратегија имаме обврска новиот закон за јавни набавки да биде усвоен од страна на Собранието на Република Македонија до октомври 2018 година, а да започне со примена од јануари 2019 година. Од денес почнуваме со јавни расправи за Нацрт-законот за јавни набавки преку кои ќе се овозможи сите засегнати страни од деловната заедница да ги дадат своите коментари и сугестии во однос на новиот закон за јавни набавки. Сакам да им се заблагодарам на УСАИД за можноста овој процес на работење на нов закон да го направиме транспарентно и одговорно. Текстот на Нацрт-законот за јавни набавки го изработи Бирото за јавни набавки и тој се базира на европските директиви за јавни набавки. Согласно европските правила и пракса, новиот закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. Притоа, договорниот орган зависно од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Целта е да се зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време да ги направи поедноставни и полесни за примена - истакна министерот Тевдовски.

-Денешниот настан преку дебата и дискусија придонесе да се слушне мислењето на  компаниите по текстот на Нацрт-законот кои со своите искуствени практики како економски оператори можат да дадат голем придонес во потребата за интервенирање на определени предложени решенија, нивна измена или дополнување, се` со цел креирање решенија кои ќе значат надминување на проблемите со кои се соочуваат во примената на сегашниот Закон за јавните набавки, - посочи м-р Милевска Штрбевска.

На настанот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалес од Канцеларијата за економски развој на УСАИД Македонија, кој додаде дека УСАИД во Македонија веќе 25 години посветено работи во делот на економскиот развој и ја истакна важноста на јавните набавки. Тој додаде дека 1/3 од буџетот е определен за јавните набавки.

Господинот Љупчо Димовски, директор на „Епицентар интернационал“ – Скопје, истакна дека целта на овие сесии е подобра усогласеност на бизнисот со законската регулатива преку информирање и детектирање на промените што фирмите би сакале да ги видат во соодветните регулативи. Тој додаде дека предлозите од бизнис заедницата по завршувањето на информативниот настан ќе бидат дополнително разработени и доставени до Владата на Република Македонија.

USAID-14.02.2018-5

Предавачи на информативниот настан беа истакнати експерти во наведената област, кои го презентираа пред компаниите Нацрт-законот за јавни набавки и поттикнаа дискусија со присутните.

Во првиот дел од сесијата, Мариан Лемке, претставник од СИГМА, пред присутните одржа презентација за европските директиви во областа на јавните набавки.

Во вториот дел од сесијата, д-р Анета Данева Мострова, експерт за јавни набавки, пред присутните одржа презентација за текстот на Нацрт-законот за јавни набавки. Д-р Мострова истакна дека од особено значење е денешниот настан, на којшто за прв пат јавно се отвора анализа и дебата за Нацрт-законот за јавни набавки, кој е изработен во духот на европското законодавство и добрите практики на земјите - членки на Европската унија.

Во дискусијата учествуваше и директорот на Бирото за јавни набавки на Република Македонија, Ѓорѓи Георгиевски, кој одблиску успеа да ги чуе мислењата на бизнис заедницата во врска со можните подобрувања на новиот Закон за јавни набавки.

Настанот овозможи интерактивна дискусија и размена на искуства помеѓу сите присутни со цел да се дојде до заклучоци за надминување на можните бариери и изнаоѓање на соодветни решенија како и можни подобрувања на новиот Закон за јавни набавки. На настанот присуствуваа над 130 претставници на бизнис заедницата од Република Македонија.

 


PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

Nastani_slikice