Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржано Годишно Собрание на МАСИТ

Webp.net-resizeimage_2

МАСИТ го одбележа своето 18 годишно постоење со одржување на свечено Годишно Собрание во хотел „Stone Bridge“ на 29.03.2018.

Во рамки на настанот се одржа и јавна панел дискусија на тема ,,Развојот на ИКТ индустријата”  на кој се обратија:

·  Претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ, г-дин Горан Попоски,

·  Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски,

·  Амбасадорот на Холандија во Македонија, г-дин Wouter Plomp,

·  Директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, г-дин David Atteberry.

Панелот го водеше претседателот на Собранието на МАСИТ, г-дин Драган Чепујноски кој во воведното обраќање пред присутните го истакна општествено – економското значење на развојот на ИКТ индустријата  и влијанието што овој сектор го има врз извозот и развојот на националната економија.

Г-дин Горан Попоски, претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ го акцентираше позитивниот тренд на зголемениот број на членки на комората, како јасен индикатор за позитивен колективен став на чинителите на индустријата во правец на креирање позитивни промени, легислатива и активни мерки кон зголемување на конкурентноста на домашните ИКТ компании на меѓународниот пазар и ја истакна соработката со македонската Влада, холандската амбасада и УСАИД во тој правец.

Webp.net-resizeimage_3

Министерот за информатичко општество, г-дин Дамјан Манчевски истакна дека клучот за развој е надминување на пречките преку дигитализација и тоа преку обединување на сите општествени сегменти: академија, бизнис и влада. Исто така, Манчевски истакна дека транспарентноста на информациите е единствен начин за прогресирање во глобалниот свет.,,Науката и технологијата се обединуваат во проектот - ,,Технолошки парк,, кој ќе ги подржи малите и средни компании – проект на кој владата и вклучените страни активно работат,, - истакна Манчевски, објасувајќи дека овој проект ќе влијае на зголемување на вработувања и пораст на платите.

Манчевски најави и ре-ижинерирање на процесите со цел оптимизација и подобрување на функционалноста на услугите кон граѓаните и бизнисите, преку модел на one –stop услуга.

Панел дискусијата беше збогатена со конкретни примери од ИКТ инудстријата на Холандија од страна на холандскиот амбасадор, г-дин Plomp кој истакна дека е инспириран од македонската ИКТ индустрија и потенцираше дека не постои разлика во квалитетот на услугите кои ги нудат македонските ИКТ компании од странските.

Директорот на мисијата на УСАИД за Македонија, г-дин Atteberry ја потенцираше плодната соработка на МАСИТ и УСАИД, и при тоа истакна дека од 2003-тата година па се до денес има пропознатлива прогресија во равојот на македонската ИКТ индустрија и е горд што УСАИД е катализатор на дел од тие позитивни процеси.

Веднаш по панел дискусијата, се одржа работниот дел од Собранието на МАСИТ.

sobranie3

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48