Во организација на BEP USAID Проектот и Министерството за труд и социјална политика, на 12.07.2018 година во хотел Holiday Inn, Скопје беше одржан работен состанок на тема: Развој и унапредување на работната сила. Учество земаа повеќе претставници од јавниот сектор како Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Министерството за образование. Дополнително, повеќе претставници од приватниот сектор со своето присуство укажаа на повеќе проблеми и недостатоци со кои се среќаваат, а се со цел разбирање на текот на моменталните потреби на пазарот, како и помошта која може да биде укажана на невработените лица со цел нивно вработување и збогатување на формалното и неформалното образование.
На наше големо задоволство МАСИТ беше претставен од Извршниот директор, Анита Никова, која ги акцентираше потребите на ИКТ секторот во државата. Дополнително беа претставени досегашните успешни проекти на МАСИТ како и соработки со други релевантни институции, се со цел добивање на стручен кадар за потребите на ИКТ индустријата.