Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана Конференција - „Дигитална трансформација во Македонија - предизвик или реалност“

 


На 27.09.2018 (четврток), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток од 11:00 часот беше одржана конференцијата „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“. ,,Конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси се најдобриот начин за подобрување на економската, социјалната и општата состојба во државата” беше клучната порака од одржаната коференција.

Konferencija_2018

Теми поврзани со динамичната сегашност Internet of things, Cloud services, Cyber Security… преовладаа на настанот, а во правец на подобро позиционирање на македонскaта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите.

Конференцијата ја отвори Горан Попоски, Претседател на Управниот одбор на МАСИТ, кој во своето обраќање се осврна на одговорноста на МАСИТ да ги поттикнува сите страни: бизнис, регулатива и граѓански сектор кон дигитална трансформација која ја исполнува преку проекти и промени. Но, исто така, потенцираше дека ова значи и промена на начинот на живеење.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во улога на клучен говорник на конференцијата истакна дека ,,дигиталната трансформација е пред се процес на реформа на која резултатот треба да е прогрес. Тоа се однесува на корпоративниот сектор но и администрацијата, која пред се треба да е сервис и клиент ориентирана. Во моментов Владата работи на национален портал за електронски услуги за физички лица и бизниси, каталог на услуги за добивање на услуги на едно место, академија за cyber безбедност, усвојување на стратегија за отворени податоци и други проекти за трансформирање на  општеството“.

Амбасадорот на кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп, во рамките на официјалното отворање се обрати до ИКТ заедницата со порака: „Лесниот влез на пазарот, леснотијата на работа и комуницирање и врвните кадри веќе привлекоа холандски инвеститори да влезат на македонскиот пазар. Направивме и студија за ИКТ можности за развој на регионот, која ќе ја презентираме на меѓународен пазар. Ова е само еден од многуте докази за важноста на овој регион и пазар“.

Konferencija_2018_2

Во рамките на сесиите на темите Internet of Things, Cloud computing, Cyber security, претставници од ИКТ индустријата ги претставија своите активности, проекти и успешни приказни на овие теми. На конференцијата присуствуваше и Антонис Монокрусос, висок претставник од групацијата Oracle, кој го заокружи воведниот панел со поентата дека живееме во извонреден трансформативен процес на 4тата индустриска револуција која наметнува промени во нашето однесување, комуницирање, едуцирање и работење, процеси кои се присутни и во нашата земја.

На конференцијата се изнесоа поенти кои понаму ќе водат кон позитивни процеси за промени во сите општествени сфери.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, работејќи во насока на интересите на македонските ИКТ компании, постојано ги следи актуелните и светските трендови кои ги адресира преку низа на проекти и настани дискусии и промени во ИКТ дејноста и глобализирање на домашната индустрија.

Konferencija_2018_3

МАСИТ по петнаесетти пат традиционално ја организираше својата годишна конференција, како успешен собир на сите ИКТ чинители од земјата а и регионот, и во рамки на истата беа присутни околу 250 учесници вклучувајќи ги: претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и Министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.

Посебна благодарност се упатува до партнерите и спонзорите на овој настан: Амбасада на Кралството Холандија во Македонија, ПроКредит Банка, Asseco SEE & Payten, Oracle, S&T Macedonia, Неоком & Неотел, Ендава, Триглав Осигурување, Еликософт, Семос, АСИ и Ултра.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

forum_cover

conference_cover