Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Б2Б настан во рамки на проектот Green ICT Development

B2B_event_GIVE_project_banner

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE ќе се одржи првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година.

МАСИТ како дел од конзорциумот на проектот го организира овој настан каде ќе бидат присутни организации и компании од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор.

Главна цел на настанот е вмрежување на национално и регионално ниво на компаниите од трите сектори.

Дополнително, за време на настанот, партнерите од проектот ќе презентираат финален извештај од состаноците на трите Фокус групи во рамки на проектот, кои беа посветени на следните теми:

• имплементација на меѓу-индустриска соработка (дефинирање на можни технолошки решенија за меѓу-индустриска соработка, нови производи, услуги и иновативни процеси)

• бариери за интернационализација на мали и средни претпријатија

• потенцијал за интернационализација и заинтересирани трети пазари.

Агендата за настанот можете да ја погледнете на следниот линк.

Сите учесниците на настанот ќе имаат шанса да учестуваат во Б2Б средбите, за кои е потребна претходна регистрација на следниот линк. Компаниите ќе имаат дополнителна можност во склоп на Агендата, да презентираат свои активности, производи, услуги и секако да разговараат за заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.

Доколку вашата компанија е заинтересирана да направи презентација во склоп на настанот, ве молам контактирајте го Стефан Додевски, од МАСИТ на следниот број 078 296 487 или емаил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Настанот ќе има регионален аспект во кој кластерите и компаниите од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор ќе бидат дел од следните земји: Бугарија, Албанија, Србија, Романија, и Латвија.

Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се го регистрираат своето учество на следниот линк.

За повеќе информации можете да го контактирате Стефан Додевски на следниот емаил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и контакт број: 078 296 487

Проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" и МАСИТ - Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии како организатори на овој настан, во целост ја следат законодавната регулатива ГДПР. Размената на податоци е на ниво на размена на учесници на ниво на име на пријавени компании по сопствена согласност. За постапката за чување и обработка на лични податоци, во врска со регистарската листа, ве молиме контактирајте го Стефан Додевски, МАСИТ на следнава е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .


PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1