Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија 2018

Poster_MASIT

Би сакале да ве информираме дека во рамките на своите активности, за изборот на WITSAGlobal ICT Excellence Awards 2018, МАСИТ повторно организираше избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018. МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) http://witsa.org/witsa-wp-site/, номинираните решенија ги номинираше на “2018 WITSA Global ICT Excellence Awards”.

Оваа година, сите доставени номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ добија можност да бидат номинирани во изборот на “2018 WITSA Global ICT Excellence Awards”

Номинирани беа следниве решенија:

  1. Vib Cloud номиниран од компанијата iTnnovate - Vib Cloud е прифатливо, брзо и сигурно решение за собирање и анализа на вибрациите. Минималниот почетен капитал, нискиот трошок за работа и потребната минимална обука го прави овој производ многу привлечен за тимови за одржување и за следење на состојбата во мали и големи операции. Системот се состои од: сензор за вибрации, мобилна апликација и веб апликација. Повеќе информации

  2. AMIS (Agriculture Market Information System) номиниран од компанијата Унет-  Решението е единствено и уникатно за потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија. Решението претставува информативен систем за земјоделски пазари, кој обезбедува подготовка на анализи, поставување, спроведување, контролирање и следење на ефектите од земјоделската политика и политиката за рурален развој. Земјоделскиот информативен систем (АИС) е еден од најважните приоритети на процесот на создавање на поволни услови за одржливо земјоделство и рурален развој како услов за интеграција во ЕУ.

  3. Веб ГИС портал на Агенција за планирање на просторот номиниран од компанијата GDi Skopje -  Решението е имплементирано за потребите на Агенцијата за планирање на просторот (AПП), од страна на ГДи е извршена имплементација на веб ГИС портал со можност за најава и регистрација на надворешни корисници и публикување на веб сервиси од различни извори на податоци. Основната цел на решението е ефикасно споделување, прегледување и интегрирање на дигитални просторни податоци помеѓу владините институции, министерства, агенции и др. без да се нарушува интегритетот на податоците, а истовремено на располагање да биде нивната последна ажурирана верзија.

  4. Адресен регистар на Агенција за катастар на недвижности (ArcSDE) номиниран од компанијата GDi Skopje - Решението е изработено за потребите на Адресниот регистар како централната компонента ја содржи базата на податоци за адреси и улици (ArcSDE), која преку ArcGIS Server е достапна за директно администрирање и управување во рамките на АКН со ArcGIS Desktop клиентски софтвер. Од друга страна, преку серверот е овозможено реализирање на работни процеси со користење на REST веб сервисите. Веб сервисите се користат со алатките на мобилната апликација (прибирање, пребарување и едитирање на податоци од терен) и веб ГИС апликација (реализирана со ArcGIS API for JavaScript) која што овозможува контрола, сложени пребарувања, просторни анализи и известувања за податоците.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

naslov

Konferencija_27.09.2018_-_naslov