Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Настани

МАСИТ секоја година традиционално ги организира следните настани:

Конференција СЕЕИТА и МАСИТ отворени денови

МАСИТ- Стопанската Комора за ИКТ, традиционално секоја година ја организира оваа Конференција, како успешен собир на сите ИКТ чинители од регионот, од приватниот сектор, но со цврста намера за оформување на еден делотворен дијалог со сите национални регулаторни тела од секоја земја учесничка.

На конференцијата присуствуваат повеќе од 180 учесници и претставници на повеќе од 15 земји. Овој настан беше место каде учесниците можеа да добијат пристап до информации од највисок ранг од ИКТ лидерите во регионот и кој на едно место ги собира најмоќните и најпочитуваните ИКТ компании и асоцијации од регионот на Југоисточна Европа.

Повеќе информации за конференцијата можат да се најдат на www.seeita.org.

Конференција по повод 17 МАЈ - Светски ден на телекомуникации и информатичко општество

Оваа конференција се организира по повод Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество 17 Мај. Целта на Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество е да ја подигне свеста за можностите кои ги нуди користењето на Интернетот и другите информатички и комуникациски технологии за општеството и економијата. На конференцијата присутни се професионалци како од приватниот така и од јавниот сектор, а во рамки на програмата се вклучени презентации за тоа како информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) влијаат на растот на малите и средни претпријатија како и можностите кои ги нудат најновите технологии за услуги во јавниот и приватниот сектор.

МАСИТ ИКТ награди за извонредност

Секоја втора година, МАСИТ организира избор на ИКТ Награди за извонредност. Членовите на МАСИТ имаат можност да ги номинираат своите решенија во една од понудените 3 категории:

  • решенија за јавен сектор
  • решенија за приватен сектор
  • дигитални можности.
     

МАСИТ ИКТ наградите се организираат со цел номинирање на победничките решенија за светскиот избор Global ICT Excellence Awards организиран од WITSA - World Information Technology and Services Alliance. 

МАСИТ Новогодишна забава

Секоја година МАСИТ организира новогодишна забава која претставува традиционален собир на сите оние кои се поврзани со ИКТ индустријата. Ставајќи ги во преден план забавата и дружењето, настанот воедно претставува место за средба и запознавање, како и начин на изразување на професионалната поврзаност на сите оние кои нешто значат во ИКТ сферата.

На новогодишните забави на МАСИТ секоја година се присутни повеќе од 1500 гости, сопствениците и вработените во компаниите членки на МАСИТ, како и соработниците на МАСИТ – претставници на министерства и државни органи, невладини институции, донорски организации, амбасади, претставници на сите академски институции кои образуваат ИКТ кадар, новинари и слично.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани