Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Иницијатива и формирање на кластерот

Иницијатива и формирање на Кластер за имплементација на ИКТ решенија за зголемување на конкурентноста на мали и средни претпријатија МСПа

Како резултат на дефинираната иницијатива во месец ноември 2011 за формирање на “Кластер за имплементација на ИКТ решенија за зголемување на конкурентноста на Мали и Средни Претпријатија (МСПа)” беше формиран ваков тип на кластер кој ќе се занимава со имплементација на информатичко – комуникациски технологии во мали и средни претпријатија. Фокусот ќе биде ставен на едукација на малите и средни претпријатија во РМ во насока на едуцирање како може да станат поконкурентни на пазарот и да ги продаваат нивните производи и услуги, со помош на користење на ИКТ технологии.

Основањето на Кластерот претставува важна стратешка мерка за надминување на ограничувањата во ресурси како и овозможување на македонските софтверски компании здружено да се насочат кон нови пазарни сегменти на домашниот и на меѓународниот пазар. Воедно, создавањето на Кластерот значи и поголема видливост и поефективно брендирање и овозможува здружување на компетенциите и заштеда на трошоците при развојот на софтвер и ИТ услуги.

Активностите на кластерот се во корелација со договорот за доделување на финансиски средства за реализација на програма (проект) на кластерските здружувања кој МАСИТ го потпиша со Министерството за економија во месец октомври 2011 год.

Кластерот е формиран на иницијатива на Претседавачот на Комитет за домашен ИКТ бизнис Г-дин Тони Петрески.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани