Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи

Во периодот од Мај до Ноември 2009 година, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии работеше на изработка на Позициски документ за "Развој на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи". Изработката на овој документ беше поддржана од Проектот за деловно опкружување на УСАИД, преку ангажирање на консултант за истражување и изработка на студија со цел утврдување на конзистентни предлог-политики за широкопојасен интернет во Македонија.

Комитетот за електронски комуникации на МАСИТ беше целосно посветен и активно инволвиран во целиот процес на изработка на овој Позициски документ. Истиот е усвоен и неговата промоција беше направена за време на Конференцијата СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови одржана во ноември 2009 година во Охрид.

Позицискиот документ е изработен според стандардите на МАСИТ за изработка и усвојување на позициски и стратегиски документи и преку него се декларираат ставовите на МАСИТ во поглед на развојот на широкопојасниот интернет и следната генерација на мрежи,  а со цел истиот  активно да придонесе во насока на подобрување на технолошките и пазарни услови за простап до Интернет.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани