Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Меѓународна соработка

EITO_logo

Европската Oпсерваторија за Информатички Технологии – ЕИТО е основана во 1992 година како независна, непрофитна организација, финансирана од страна на голем број индустриски спонзори, вклучувајќи ја и Европската комисија и ОЕЦД. Почнувајќи од 2003 година ЕИТО редовно доставува годишни извештаи и нуди информации за европските и глобални пазари за информатичка технологија, телекомуникации и потрошувачка електроника. Опсерваторијата од 1 Јануари 2008, е раководена од БИТКОМ (федералната асоцијација за информатичка технологија, телекомуникации и нови медиуми во Германија). Европската опсерваторија исто така соработува со водечки истражувачки институти како ИДЦ и ГфК. Дел од Европската опсерваторија е и ЕИТО Task Force, каде членови се експерти од ИКТ пазарот и земји вклучени во ЕИТО извештаите. Претставник на МАСИТ во ЕИТО Task Force е г-дин Петар Индовски – Горд Системи.

Во ЕИТО членуваат единаесет национални европски ИТ асоцијации, додека МАСИТ е членка на ЕИТО од 1 Јануари 2009 година, со што се стекнува со право да располага со сите видови извештаите кои ги изработува опсерваторијата како и сите ПР текстови за трендовите во ИТ индустријата. Македонскиот ИТ пазар сеуште не е дел од истражувањата и извештаите на ЕИТО, меѓутоа веќе се започнати преговори за вклучување на истиот.

ЕИТО изготвува извештаи за трендовите на ИТ индустријата во неколку категории и тоа:

Анализа на интернационалните/глобални  ИКТпазари – Вкупната понуда на Интернационалните извештаи за ИКТ пазарите можете да ја погледнете на следниот линк http://www.eito.com/epages/63182014.sf/en_GB/?ObjectPath=/Shops/63182014/Categories/Market_Reports/International_reports, каде како извештаи со последни /најнови податоци за 2012 и 2013 година се наоѓаат:

 

Анализа на ИКТ трендовите по одделни земји – Вкупната понуда на изготвените извештаи за ИКТ пазарите по одделни земји, можете да ја погледнете на следниот линк http://www.eito.com/epages/63182014.sf/en_GB/?ObjectPath=/Shops/63182014/Categories/Market_Reports/EITO_country_reports. Извештаи со последни/најнови податоци за ИКТ пазарот (пазар на софтвер и ИТ услуги, пазар на ИТ опрема, пазарот на телекомуникациска опрема и услуги) за 2012/2013 година можат да се најдат за следните земји: Германија, Франција, Италија, Шпанија, Велика Британија, Австрија, Белгија/Луксембург, Швајцарија, Грција, Романија, секој од нив достапен по цена од 590,00 евра. На следниот линк можете да ги погледнете и деталите за Извештајот на Германскиот ИКТ пазар, кој се однесува само на 2013 година, и може да се набави по цена од 690,00 евра http://www.eito.com/epages/63182014.sf/en_GB/?ObjectPath=/Shops/63182014/Products/011-1303/SubProducts/011-1303-010.

Тематски извештаи од областа на ИКТ пазарите – Понудата на тематските извештаи изготвени од страна на ЕИТО можете да ја погледнете на следниот линк http://www.eito.com/epages/63182014.sf/en_GB/?ObjectPath=/Shops/63182014/Categories/Market_Reports/EITO_thematic_reports. Тука ќе ги споменеме следните тематски извештаи:

 

Прилагодени извештаи за одредени сегменти на ИКТ пазарите – Изготвување на  индивидуални извештаи на одредена тема и според специфичните барања и потреби на даден клиент, доколку имате потреба од ваков вид на извештај, ве молам контактирајте ја ИК на МАСИТ.

Вкупната понуда на извештаи , по одделните категории, содржина и временски периоди можете да ја  погледнете на следниот линк: http://www.eito.com/. При што доколку постои интерес за купување на некои од нив, МАСИТ како активен партнер на ЕИТО има право да посредува и изврши нарачка на истите.

За дополнителни информации околу членството на МАСИТ во ЕИТО и бенефициите кои ги нуди европската опсерваторија на компаниите членки на МАСИТ како и воопшто на македонската ИТ индустија, ви стоиме на располагање.


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани