Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

German Outsourcing Association - GOA

GOA_logo


Германската Аутсорсинг Асоцијација (German Outsourcing Association - GOA) ги застапува интересите на аутсорсинг професионалците и организациите од германското говорно подрачје  и е самостоен и независен партнер на аутсорсинг корисници, консултанти и глобални провајдери на услуги.

ГОА обезбедува информации за DACH земјите, за аутсорсинг дестинациите и го промовира глобалниот трансфер на знаење преку собирање и споделување на релевантни информации и најдобри практики од глобалните провајдери на услуги.

Нејзината цел е да изгради размена на витално знаење меѓу сите чинители инволвирани во пазарот. ГОА достигнува до повеќе од 11.000 од носителите на одлуки и извршните директори во DACH земји, додека на глобално ниво, одржува широка мрежа на партнерства со независни експерти, организации и “knowledge” партнери.

Во Фебруари 2013 година, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Германската Аутсорсинг Асоцијација (German Outsourcing Association - GOA), потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во насока на споделување искуствата и најдобри практики од областа на аутсорсинг и поттикнување на истражувања и технолошка соработка помеѓу членови на ГОА и МАСИТ а со целзаеднички да се промовира соработка за развој на бизнис можностите.

За подетални информации во врска со GOA ве молиме посетете ја следната веб страна GOA's website, додека за сите дополнителни прашања контактирајте ја Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани