Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Girls in ICT 2012

Настан “Girls in ICT 2012”, 26.04.2012

alt


По повод светскиот ден „Girls in ICT“ (26.04.2012), во Амфитеатарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), на иницијатива на заменик Министерката за информатичко општество и администрација Г-ѓа Марта Томовска беше одржан настан поддржан од Министерство за образование и наука и МАСИТ. Одбележувњето на овој настан беше во насока на поттикнување повеќе припаднички на женскиот пол да се запишуваат на ИКТ- факултетите а воедно да се овозможи и рамнотежа на застапеноста меѓу двата пола како и зголемување на вкупниот број на работна сила од ИКТ-областа во Македонија.

Со промовирање на овој концепт Р.Македонија се вклучи во одбележувањето на иницијативата „Girls in ICT“ поддржана од Меѓународната телекомуникациска заедница (International Telecommunication Union – ITU) - специјализирана агенција при Обединетите Нации, која традиционално ќе се одбележува секој четврти четвток во април.

“Во следните 10 години светот ќе се соочи со дефицит на информатичкиот кадар бидејќи се повеќе области стануваат зависни од ИК-технологијата. Женската креативност, талент и капацитет не се доволно искористени во тоа поле, а информатичко-комуникациските технологии се одлична шанса за остварување успешна кариера на жените ширум светот”, беше само дел од пораката на заменик Министерката Томовска.

На овој настан активно учество земаа и Државниот секретар во МОН Г- ѓа Елизабета Тодоровска која што изјави дека девојките се на потег и треба да докажат дека нискиот процент на нивната застапеност во ИКТ- индустријта е предрасуда што треба да се сруши. Поздравното обраќање продолжи со Деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство Г- дин Димитар Трајанов, доц. д-р Соња Филипоска – ФИНКИ, проф. д-р Сања Велева - ФЕИТ, Извршниот директор на МАСИТ Г-ица Анита Никова и Генералниот директор на Семос Едукација, Г-ѓа Валентина Тасева која накратко говореше за своето искуство.

Активностите од кампањата „Girls in ICT “ продолжија со промоција на официјалната македонска веб страна www.girlsinict.mk. По завршувањето на настанот ученичките имаа единствена можност да посетат 8 македонски ИТ компании ( Ассеко Сее, Ериксон, Македонски Телеком, Некстсенс, Нетцетера, Сеавус, Семос Едукција, Ултра ) – членки на МАСИТ, каде на врвните менаџерски позиции се наоѓаат жени. Гимназии кои земаа учество на овој настан преку своите ученички од втора и трета година се: Јосип Броз Тито, Никола Карев, Орце Николов, Ѓеорѓи Димитров, Владо Тасевски, Кочо Рацин, Зеф Љуш Марку и Раде Јовчевски – Корчагин.

Информација за вчерашниот настан можете да најдете и на следниве линкови:

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018