Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Ден на иновации, 12.12.2012

Во среда, на 12.12.2012 во просториите на Хотел Александар Палас, со почеток од 09:30 часот, во организација на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе се одржи конференцијата “Ден на иновации”.

MASIT_Innovation_Day_12.12.12_Invitation_MK

Присутните гости на овој настан ќе имаат можност да проследат панел дискусија на тема "Иновации" каде говорници ќе бидат претствници од бизнис секторот на Р. Македонија, академската како и владината заедница, претставување на одредени проекти – најдобри практики на тема иновации од странските компании како T- лаб, Германија, КИБУ – Унгарија како и  успешно спроведени проекти и програми на одредени македонски чинители од ИКТ индустријата.

На самиот настан официјално ќе биде претставен и повикот за Innovation Partner Competition од страна на Македонски Телеком, со помош на кој ќе бидат поддржани и реализирани иновациски проекти. 

Во рамки на овој настан ќе биде одржана и Годишната конференција за бизнис корисници на Македонски Телеком, како присутните компании би размениле искуства, контакти и можност за понатамошна соработка. 

Агендата за конференцијата можете да ја погледнете на следниот линк

Ве молиме потврдете го вашето присуство со име и презиме на следната маил адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до понеделник, 10.12.2012 година. Дозволено е присуство на повеќе претставници по компанија/институција но ве молиме за претходна најава по е-маил. 


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018