Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана конференција Ден на иновации 12.12.2012

На ден 12.12.2012 година, среда, во просториите на хотелот Александар Палас се одржа конференцијата „Ден на иновации” во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ и Македонски Телеком АД Скопје, Македонија.

Настанот го отвори претседателот на МАСИТ Игор Бимбилоски кој имаше почетно обраќање кон гостите. Потоа, од страна на Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Даниел Сас, беше објавен конкурсот „Партнер за иновации” во кој се повикаа на учество сите граѓани на РМ кои поседуваат креативност во себе и имаат иновативна идеја којасакаат да ја реализираат со едноставно доставување на предлог-проект. „Интерактивни медиумски апликации”, „Апликации и услуги за е-влада” и „Социјални мрежи и мобилност” се трите области во кои учесниците ќе имаат можност да ги достават своите иновативни идеи. Беше нагласено дека ќе бидат избрани 3 најдобри предлози во кои ќе бидат инвестирани 100.000 евра со цел нивен развој.

 

      den_na_inovacii1_g

Исто така, беше одржана панел дискусија каде учество земаа видни претставници од едукативниот, владиниот и бизнис секторот. Имено, дел од дискусијата беа Игор Бимбилоски – претседател на МАСИТ, Панче Кралев – министер за образование и наука, Марта Томовска – заменик министер во Министерство за информатичко општество и администрација, д-р Димитар Трајанов – Декан на ФИНКИ, Даниел Сас – главен извршен директор на Македонски Телеком АД Скопје, Жарко Луковски – главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија и Илијанчо Гаговски – директор на Microsoft Македонија.

Во рамки на настанот свое излагање имаа и претставници од Т-labs Германија, KIBU (Kitchen Budapest Incubator) Унгарија, МАСИТ, Microsoft Македонија и Nextsense Македонија. Во него беа изнесени проектите, најдобрите практики и иницијативи за иновации, како и новите комуникациски решенија кои треба да се појават на пазарот. 

На крајот од страна на Македонски Телеком беа презентирани Cloud услугите кои ги нудат и начините на нивна имплементација како иден тренд во бизнис заедницата.

По завршување на настанот следеше Networking коктел каде присутните имаа можност да разменат сопствени искуства и идеи во насока на унапредување и постојано воведување на иновативни решенија во ИКТ индустријата.

На настанот присуствуваанад 300 учесници експерти во ИКТ индустријата во РМ, како и гости од лабораториите за иновации на Маѓар и Дојче Телеком.

 

Повеќе информации за конкурсот Партнер за иновации можете да најдете на www.telekom.mk/innovations.

 Медиумска покриеност на настанот:

http://www.sitel.com.mk/inovaciite-perspektiva-na-ikt-industrijata-vo-uslovi-na-kriza

http://kanal5.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=101291



ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018