Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Универзитетот "Гоце Делчев" од Штип - Прв придружен член на МАСИТ

 

На редовната седница на Управниот одбор на МАСИТ одржана на 02.10.2015, беше усвоена апликацијата за придружно членство во МАСИТ на Државниот универзитет "Гоце Делчев" од Штип. Со ова, Универзитетот Гоце Делчев од Штип стана првиот Универзитет придружен член на МАСИТ.

Управниот одбор на МАСИТ минатата година донесе одлука за нова категорија на Придружно членство со намера и универзитетите (преку нивните факултети од областа на ИКТ) да можат директно да членуваат и да се вклучат во активностите на МАСИТ. Се надеваме дека примерот на УГД Штип ќе го следат и останатите универзитети и дека набрзо сите универзитети кои се вклучени во процесот на образование на ИКТ кадри ќе бидат дел од МАСИТ со цел продлабочување на соработката помеѓу деловната заедница и академијата.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018