Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Се одржа Десеттото Годишно Собрание на МАСИТ

 

alt


На 29.03.2016, (вторник), од 13:00 до 16:00 часот во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) беше одржано Десеттото Годишно Собрание на МАСИТ. На Собранието присуствуваа компаниите членки на МАСИТ како и гости од редот на соработниците на МАСИТ.

Во рамки на работниот дел на Собранието беа дадени извештаи за работата на телата на МАСИТ и тоа Управниот одбор, Надзорниот Одбор, Судот на честа. Во рамки на работниот дел исто така беше даден Финансиски извештај за финансиските резултати на МАСИТ во изминатата година, а беа усвоени и Акцискиот План и Буџетот на МАСИТ за 2016 година.

 

Како најзначајни резултати и достигнувања на МАСИТ во изминатата година беа спомнати:

-         Успешно спроведена реорганизација на МАСИТ (намалување на бројот на членови во Управен одбор, поголема флексибилност и транспарентност, укинување на Комитети )

-         11 нови компании членки на МАСИТ ((iSource, Foxit,Alosys Communications, Allocate Software, Cosmic Development, TDK Computers, Универзитет Гоце Делчев од Штип, VedelIT, MkHost, Vox Teneo, Interworks)

-         Повеќе од 6 потпишани договори на компаниите како резултат на учество на Б2Б активностите во склоп на ИКТ во Агрибизнис конференцијата на МАСИТ

-         Повеќе од 700 индивидуалци учествуваа на 9те настани во организација на МАСИТ

-         Успешно спроведена конференција ИКТ во агробизнис, Ноември 2016

-         Реализиран тренинг и сертификација SCRUM Master за 40 индивидуалци

-         Остварени приходи во износ од 5.811.939,00 денари од кои 42% од проекти и обуки, 25% од членарини, 19% од годишна конференција и остатокот 14% од рекламни услуги и други приходи.

 

Презентацијата на извештајот за работата на Управниот одбор на МАСИТ, во кој се наведени сите активности и достигнувања на МАСИТ во изминатата година можете да ја погледнете на следниот линк - ПРЕЗЕНТАЦИЈА



 alt

 

alt 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018