Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница: Новите ЕУ директиви за безбедност на ИТ системи

alt 
Влијанието на новите ЕУ директиви кои се однесуваат на безбедност на мрежни и информатички системи и приватност на податоци врз македонските ИТ компании

Би сакале да ве информираме за претстојната работилница на тема “Влијанието на новите ЕУ директиви кои се однесуваат на безбедност на мрежни и информатички системи и приватност на податоци врз македонските ИТ компании” која ќе се одржи на 22.02.2017 година, во МАСИТ, со почеток во 15:00 часот. Заради навремено адресирање на проблематиката и нејзино решавање, МАСИТ ја планира оваа работилница во поддршка на консултантската куќа Трајковски и Партнери, односно Г-ѓа Јасмина Трајковски, како спикер и модератор на истата.

Во последните месеци има раздвижување во ИТ секторот во Европа поради двата новитети од аспект на правна рамка и тоа:

  • EU NIS directive 2016/1148 on  measures for a high common level of security of network and information systems across the Union  
  • Regulation (EU) 2016/679 - General Data Protection Regulation

      Овој сет директива и регулатива значително влијаат на работењето на ИТ компаниите кои извезуваат услуги, готови решенија или cloud услуги на Европскиот пазар или за индивидуални корисници од ЕУ, примарно од аспект на заштита на податоци и инфраструктура од cyber закани. Најголеми се импликациите во области од работењето како организациски и технички мерки за заштита од cyber напади, проценки на ризици, incident reporting (max 72hr after incident). Она што ги прави овие регулативи значајни за индивидуалните компании се казните – кои достигаат до 4% од приходот на компанијата на глобално ниво. Компаниите кои работат на ЕУ пазарот имаат рок до Мај 2018 да се усогласат со новите барања.

Компаниите од ЕУ кои имаат аутсорсирано дел од своите активности на компании вон ЕУ, се специјално засегнати бидејќи аутсорсирањето го зголемува ризикот на кој се изложени како од технички аспект така и од compliance аспект, а казните се високи. Поради тоа, во секторот се очекува ревидирање на постојните договори за аутсорсинг со цел да се рефлектираат новите одговорности за постигнување усогласеност, но и за сносување на теретот од казните.

АГЕНДА:

  • 15:00 - 15:15 Претставување на EU NIS directive 2016/1148 on measures for a high common level of security of network and information systems across the Union;
  • 15:15 - 15 30 Претставување на Regulation (EU) 2016/679 - General Data Protection Regulation;
  • 15:30 - 16:00 Клучни импликации по ИТ компаниите од МК од овие регулативи/директиви при извоз на ИТ услуги, cloud решенија, со аутсорсинг, софтверски готови решенија;
  • 16:00 - 16:30 Дискусија;
  • 16:30 - 16:45 Потребни следни чекори.

Учеството на оваа работилница е БЕСПЛАТНО.

Доколку сте заинтересирани за оваа работилница пријавувањето за учество важи најдоцна до понеделник, 20.02.2017, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 075 280 507 (Елена Столеска).




ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018