Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Оглас за слободно работно место

Работно место: Проект / ПР Асистент

alt

МАСИТ има потреба од Проект / ПР Асистент кој ќе спроведува проектни активности, планира, развива и спроведува програми и услуги дизајнирани како дел од одреден проект имплементиран од страна на МАСИТ.

Проект / ПР Асистентот директно му одговара на Извршниот директор, за доделените должности и одговорности предвидени со описот на ова работното место.

Должности и одговорности

Услуги и проекти:

  • Организирање и договарање јавни настани, форуми и конференции за медиуми со цел да се промовираат проектните активности имплементирани од страна на МАСИТ.
  • Превземање на маркетингот на социјалните медиуми и ПР активностите на МАСИТ.
  • Помагање во собирање на податоци и информации, и спроведување анализа на трендовите во ИКТ индустријата.
  • Собирање на информации за поддршка на подготовка на говори, презентации, брифинзи и извештаи до медиумите.
  • Пишување извештаи за извршените активности.
  • Ангажирање во сите услуги на МАСИТ и тековни активности.
  • Промовирање на пазарот на производи и услуги.
  • Воспоставување и одржување блиска комуникација со владите, општините, коморите, бизнис асоцијациите, организациите за образование, истражувачките и донаторските институции во однос на стратешките цели на МАСИТ.
  • Соработка со здруженијата на ИКТ секторот на меѓународно ниво и истражување на начините на кои МАСИТ би можел да ги користи нивните информации и услуги во корист на членството.
  • Солидно познавање на различни донаторски програми и механизми за финансирање, и искуство во изработка и спроведување на проекти финансирани од донаторски институции.


Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома (Економски факултет, Новинарство или друго образование од соодветната област) и најмалку 3 години искуство со проектен менаџмент или 3 или повеќе години искуство во истражување, организирање со настани и / или волонтерски менаџмент со непрофитни организации.
  • Големо искуство во социјален маркетинг и ПР активности.
  • Одлични писмени и усни комуникациски вештини на македонски и на англиски јазик.
  • Стратешки и креативен карактер, способен да развие и имплементира иновативни решенија кои ќе ги задоволат потребите на различните чинители со кои соработува МАСИТ.
  • Способност за самостојно дејствување и давање приоритет на различни проекти во секое време.
  • Силни компјутерски вештини (office pack, познавање на веб администрација и интернет алатки).


Ве молиме испратете ги вашите биографии на следнава e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
најдоцна до 01.03.2017 година.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани