Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА ВО МАКЕДОНИЈА“ ЗАПОЧНУВА СЕРИЈА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ

 

 

 

BRIDGE

Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во периодот од 22 март до 7 јуни 2017 година ќе се реализираат серија информативни настани за детална презентација на тековните прописи и законските барања кои се однесуваат на малите и средните претпријатија во Република Македонија. Темите за овие инфо сесии произлегоа од претходно истражување кое стопанските комори го реализира помеѓу компаниите, а тоа се: 
* права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи  и Закон за безбедност и заштита при работа;
* права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на даночна и царинска политика и
* права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот.

Ќе се реализираат 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони во земјата. Информативните сесии ќе бидат одржани со присуство на докажани експерти од овие области, кои ќе бидат достапни за дискусија во текот на настанот. Во рамките на Проектот пет клучни сектори - земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива.

Освен информативната цел на настаните, истовремено тие ќе претставуваат и можност за да се соберат значајни податоци за најгорливите проблеми на малите и средните претпријатија во овие области. Ова искуство на компаниите добиено од прва рака ќе се искористи како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот и за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во претстојните години во кои ќе се спроведува Проектот.

Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните поенти на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

 

РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАЊЕ НА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА во периодот 22.03-07.06.2017

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани