Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Проект за преквалификација на кадар

alt

1.ВОВЕД

Ве информираме дека во следниот период, помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот ќе започне да работи на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени вработени и невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Предност ќе имаат кандидатите кои се невработени,а обуките ќе се одвиваат во два термини, претпладне и попладне.

Крајната цел на проектот, а по посета на програмата е лицата да се вработат во ИКТ компании на јуниор програмерски позиции или други позиции поврзани со ИКТ сферата. Програмата за реквалификација ќе трае околу 5 месеци, започнувајќи во месец април, а во периодот кој ќе следи ќе се работи на регрутирање на кадар кој потенцијално би можел да влезе во оваа програма.

Низ процесот на преквалификација слушателите ќе се стекнат со теоретско и практично знаење реализирајќи многу hands-on активности, ќе работат на конкретен проект или студија на случај кој ќе се надоградува од предмет во предмет, но ќе ги збогатат и своите компетенции со организациска култура и меки вештини, што ќе ги профилира да бидат веднаш спремни за вработување и продуктивно ангажирање во рамки на ИТ компаниите.

Врз основа на резултатите од пополнетиот анкетен прашалник од страна на триесетина ИТ компании инаку потенцијални работодавачи, одбрани се две програми за преквалификација кои ќе продуцираат, во моментов, две најатрактивни и најдефицитарни ИТ профили:

  • .NET Developer и
  • Front End Web Developer.

Програмата за преквалификација ќе се реализира во три фази, во период од април до септември 2017та година.

2. ПАРТНЕРИ И КОРИСНИЦИ:

  • МАСИТ - МАСИТ ќе биде одговорен за координација на целиот проект и ќе биде задолжен сите активности да се изведуваат како што е планирано. МАСИТ ќе изнајде тренинг провајдер, HR регрутер и ќе ги координира ИКТ компаниите за целта на извршување на проектот. МАСИТ, исто така, ќе ги извршува сите потребни активности во делот на односи со јавноста, маркетинг и промоција на проектот, со цел да бидат опфатени и информирани што е можно поголем број на потенцијални кандидати.
  • Сивус едукативен и развоен центар - Ќе биде во целост одговорен за темите и курикулумите за програмата на тренингот како и поседување на релевантни тренери за идентификуваните профили. Тренинг провајдерот ја подготвува програмата, содржината, јасна спецификација на предмети (курсеви) кои ќе влезат во секој од двата профили; број (фонд) на часови; листа и CV-ја на тренери и има целосна инфраструктура/просторија за одржување на тренингот.
  • Компании – членките компании на МАСИТ ќе бидат вклучени во овој проект во дефинирањето на содржината на програмата и во обезбедувањето менторство и пракса во период од 1 - 3 месеци за избрани учесници. Компаниите ќе имаат можност на кандидатите кои поминале низ обуките да им понудат нивно вработување, веднаш по завршувањето на обуката,според потребата на компанијата.
  • Учесници во програмата – учесниците во програмата потребно е да имаат минимум диплома од средно училиште, да не се постари од 35 години, вработени или невработени лица, да имаат интерес и предиспозиции да продолжат со кариера во областа на ИКТ. Потенцијални кандидати може да бидат и дипломирани студенти на било кој факултет освен на електротехничките факултети. За кандидатите кои не се со ИТ бекграунд, фокусот ќе биде ставен на лица кои имаат склоност кон математика и програмирање и имаат логичен начин на размислување. Предност при селекцијата ќе имаат невработените кандидати. Сите заинтересирани учесници своето CV можат да го пратат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 21.04.2017.

 

3.РЕГРУТАЦИЈА

Со цел целокупно успешно реализирање на проект неопходно е спроведување на комплетен процес на регрутација и селекција на најсоодветните кандидати кои ќе ги исполнат неопходните услови за квалификување за процесот на обука.

Заради специфичните потреби на проектот, процесот регрутација ќе биде специјално дизајниран за таа намена, но сепак истиот ќе ги следи основните принципи на стандардно усвоената регрутмент процедура на компанијата и општите стандарди за регрутација.

Регрутмент процесот ќе биде реализиран во соработка со Одделот за регрутација на најголемата софтверска компанија во земјата и регионот, Сеавус ДООЕЛ, кој во целост ќе ги стави на располагање сите свои капацитети и алатки, а специјално за проектот ќе дедицира двајца регрутери со повеќегодишно искуство во регрутирање,селекција, оценување и профилирање на кандидати во ИТ индустријата.

4.ФАЗИ

Фази во процесот на регрутација, следење, профилирање и оценување на прогресот на кандидатите до фазата на ниво поврзување со компании.

Фаза 0: Прибирање на влезни податоци (CV-а) од заинтересираните кандидати и проценка на задоволувањето на основните критериуми за квалификација во обуката;

Фаза 1: Тестирање за сите кандидати преку генерален тест на знаење кој опфаќа повеќе компоненти (ангиски јазик, логика, основни компјутерки познавања);

Фаза 2: Усно интервју на потесно селектираните кандидати;

Фаза 3: Тест за профилирање на потесно селектираните кандидати;

Фаза 4: Дефинирање на целната група (Финална селекција врз основа на првите два критериуми)

По успешно завршување на обуката (односно поединечни нејзини делови-предмети) следуваат уште две фази за заокружување на циклусот на реквалификација;

Фаза 5: Проверка на постигнатите знаења преку самостојна изработка на проект или студија на случај и друг вид тестирања за следење на прогресот на кандидатите;

Фаза 6: Насоки и асистенција при идентифукување на потенцијален работодавач.

  • Цената за учество во програмата за селектираните кандидати изнесува 6000 денари со вклучен ДДВ.
  • Учесниците кои ќе бидат избрани за учество во програмата е потребно да потпишат "писмо за посветеност и обврзување" со кое ќе се потврди нивнато учество до крајот на програмата. Во спротивно, односно во случај на откажување, учесникот е обврзан да ја плати реалната цена на курсот.
  • Локација на проектот:

    - Обуката ќе се одржи во Скопје, во просториите на Сивус едукативен и развоен центар.
  • Контакт лица
  • Елена Петрушевска 075/240-988, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  • Јана Ѕалева 075/650-465,  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  
  • Сите заинтересирани кандидати своето CV можат да го пратат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 21.04.2017.

 

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани