Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Барање за прибирање на понуди за изработка на агрегатна веб платформа

 

  tender_web_1_baner   

Ве информираме дека Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ објавува

Барање за прибирање на понуди за изработка на агрегатна веб платформа за бизнис регулатива

Во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива предвиено е изработка и дизајн на комплетно решение/аагрегатна веб платформа која во себе ќе содржи повеќе алатки кои би им биле на располагање на компаниите со цел да се информираат во однос на законските прописи во Република Македонија за водење на бизнис.

Во рамки на овој проект предвиено е изработка и дизајн на комплетно решение / агрегатна веб платформа која во себе ќе содржи повеќе алатки кои би им биле на располагање на компаниите со цел да се информираат во однос на законските прописи во Република Македонија за водење на бизнис.

Предвидена е изработка на:

  • Изработка на дизајн и изработка на информативен агрегатен веб портал за бизнис регулатива
  • Изработка на едноставен и интуитивен систем за ажурирање и одржување на содржините во рамките на веб решението - Административен панел
  • Изработка на мобилна апликација
  • Одржување и хостирање на веб портал

Тендерската документација во која се наведени сите детали поврзани со начинот, постапката и роковите за прибирање на понуди е достапна на следниот ЛИНК.

Краен рок за поднесување на пријавите е: 05 Мај 2017 година до 15:00 часот.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериуми за утврдување на способноста (квалификувани кандидати) ќе бидат повикани да поднесат понуда.

Крајниот рок за доставување на понудите ќе биде во рок од 14 дена по доставувањето на известувањето - поканата за доставување на понудата.

Пријавите/Понудите се поднесуваат на следната адреса: Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии – МАСИТ Скопје, Булевар Партизански одреди, број 4, Скопје.

Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува ЕПИ Центар Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.
tender_web_2_baner

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018