Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија

masit_ict_nagradi_2017_1

Ве информираме дека во рамките на своите активности, МАСИТ и оваа година ќе организираизбор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance)http://witsa.org/witsa-wp-site/ , првонаградените решенија во долунаведените категории ќе ги номинира на “2017 WITSA Global ICT Excellence Awards”.

Оваа година, ве повикуваме за номинации за „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ кои ќе ги опфатат следните категории:

  • Решение во јавен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во државната администрација, локалната самоуправа и непрофитни организации, кои овозможиле зголемена ефикасност и транспарентност во работењето.

  • Решение во приватен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во деловни субјекти, кои директно ги зголемиле нивните деловни можности и конкурентност.

  • Решение за одржлив раст

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата. 

  • Решение за дигитални можности

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на Интернет.

  • Извонредни мобилни решенија

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои ќе ја земат предвид успешната примена на мобилната технологија во областите на здравјето, социјалната свест, слободата на изразување, одржливиот раст, бизнисот и трговијата, ефикасната испорака на јавните услуги и транспарентноста.

  • Иновативни решенија во здравството

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои прават извонредени напори за користење на ИКТ како алатка за промоција на здравјето и здравствената заштита, како telehealth, mHealth (мобилно здравје), е-здравство или преку е-учење, електронски здравствени досиеја, законските регулативи или социјални медиуми. Решенија може да варираат од обезбедување на информации за здравјето на граѓаните, поддршка за јавното здравство во заедницата, системи за поддршка во здравствените установи.

  • WITSA награда за нови дигитални решенија

Победниците од новите дигитални решенија се избрани за нивните докажани иновативни дигитални решенија кои ја трансформираат благосостојбата, просперитетот, поврзување или продуктивноста во целиот свет. За оваа награда во предвид ќе се земат успешните решенија од областа на хуманитарните дејности, здравството, социјалната свест, владеење на право, одржлив раст, бизнис и трговија, образование, како и ефикасна испорака на јавни услуги и транспарентност.

Првонаградените решенија ќе бидат номинирани за учество на изборот на WITSA 2017 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се оджува од 10-13 Септември 2017 во Тајпеј, Тајван:  ( http://www.wcit2017.org/ ) Исто така, ќе бидат доделени и признанија од страна на МАСИТ и истите ќе бидат промовирани.

Право на учество имаат сите кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија.

Цената за учество на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ е 50 евра + ДДВ за нечленки на МАСИТ. Сите учесници кои при апликацијата за „МАСИТ награди за иновативниИКТ решенија“ ќе се одлучат да станат членки на МАСИТ ќе бидат ослободени од плаќање надоместок за учество. Членките на МАСИТ со подмирена членарина за 2017 – та година се ослободени од плаќање на надоместок за учество.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на долунаведените документи на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 16.05.2017 година:

  • Пополнета пријава за МАСИТ ИКТ наградите (во прилог “Prijava za MASIT IKT nagradi 2017”), заедно со пропратните документи кои се наведени во истата;
  • Power Point презентација за своето решение.

Пријавените компании ќе треба да ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот.За таа цел ве информираме дека Комисијата за избор на „МАСИТ наградите за иновативни ИКТ решенија“ по завршувањето на повикот за номинирање на решенија, ќе ги разгледа и оцени истите, согласно дефинираните тежински критериуми (“Tezinski kriteriumi – MASIT IKT Nagradi 2017”, во прилог). Како што може да забележите во самиот документ, најголемо влијание при оценувањето имаат придобивките кои што целната група ги добива со имплементација на решението. Сходно на тоа ве молиме посебно внимание да посветите на објаснување на овие придобивки.

Во очекување на Вашите пријави Ви посакуваме успех при изборот.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

Актуелни Настани

Нема настани