Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Конференција: .NET Developer Days

NET_DeveloperDays_2017

 

Би сакале да ве информираме за можноста за присуство на конференцијата ".Net Developer Days" која ќе се одржи во периодот од 18-20 Октомври 2017, во Варшава, Полска.

.Net Developer Days претставува најголемиот настан во Централна и Источна Европа, наменет ексклузивно за развој на апликациите на платформата .NET. Конференцијата е наменета за архитекти, програмери, тестери и проектни менаџери кои што секојдневно го користат .Net во нивното работење, како и за оние кои сакаат да го подобрат нивното знаење и вештини во оваа област.

МАСИТ, како партнер на оваа конференција за своите членки обезбеди 10% попуст за присуство на оваа конференција (само за учество на конференцијата, но не и за pre-conference активности).

На првиот ден од конференцијата, сесијата ќе ја отвори Michele Leroux Bustamante (Surviving Microservices). Michele е основач на компанијата Solliance (solliance.net), како и регионален директор на Microsoft и Microsoft Azure MVP. Во последните 20 години има работено на високи менаџерски позиции во корпорации, имплементирање и следење на различни ИТ проекти.

Во текот на следните два дена, меѓу говорниците ќе бидат Dino Esposito, Alex Mang,  Alon Fliess, Sasha Goldshtein, Daniel Marbach, Gill Cleeren или Sebastian Solnica.

Настанот ќе биде сумиран со презентацијата на Neal Ford (Stories Every Developer Should Know), кој работи во ThoughtWorks како директор и софтверски архитект. Тој е светски познат експерт во областа на развој и испорака на софтвер и е специјализиран за комбинирање на инженерски техники и софтверска архитектура. Апстрактите од сесиите и биографските белешки на говорниците се достапни на веб-сајтот на настанот.

Настан за вмрежување на сите учесници и говорници се планира првиот ден кога сите сесии ќе завршат. За време на целиот настан учесниците ќе имаат можност да разговараат и да го разменат своето искуство. Меѓу партнерите на настанот се и меѓународните кластери (ИКТ кластер Бугарија, Војводина ИКТ кластер) и организации поврзани со ИТ индустријата (Girls inTech). Организатор на настанот е компанијата DATA MASTER. Оваа компанија исто така е одговорна за организацијата на Join! Database Conference.

Доколку сте заинтересирани за присуство на конференцијата можете да се регистрирате на следниот линк 

https://registration.developerdays.pl/Reg.aspxнајдоцна до 17 Октомври 2017.

Купете ги вашите билети пред 31ви август и заштедете PL400/EUR100

Повеќе детали за конференцијата можете да погледнете на официјалната страна - http://net.developerdays.pl/


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани