Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Green Ict deVElopment (GIVE)

25289590_1291263477645582_6909529554435514898_n

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)"  во рамки Balkan and Black Sea ICT Cluster Network, заедно со 8 ИКТ асоцијации од регионот

 

МАСИТ заедно со неколку ИКТ кластери од регионот кој се дел од Balkan and Black Sea ICT Cluster Network, се поканети да потпишат договор грант со Eвропската комисија.
Имено, конзорциумот од 8 кластери координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер поднесе предлог проект со име GIVE (акроним) под COSME Call: COS-CLUSINT-2016-03-01 (Clusters go International). Листата на партнери е следна: ИКТ кластерот Бугарија (Бугарија); Албанска ИТ асоцијација - AITA (Албанија); Автомобилски кластер Србија (Србија); Автомобилски кластер Бугарија (Бугарија); ИТ кластер Клуж (Романија); Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ (Македонија); ИКТкластер на Централна Србија (Србија); Кластерот за паметни еко технологии (Летонија).
Подготовката на предлог-проектот беше поддржана од страна на REG USAID проектот.
Генералната цел на проектот "Green Ict deVElopment (GIVE)" е да се изгради стратешко партнерство во областа на паметните еко технологии меѓу трите значајни индустрии: автомобилската индустрија, обновливата енергија и ИКТ.
Паметните еко технологии ги опфаќаат сите индустриски и човечки активности кои генерираат позитивно влијание врз животната средина со примена на информатички и комуникациски технологии (ИКТ). Денес, традиционалните производствени индустрии како автомобилската и обновливата енергија треба да најдат паметни решенија за да одговорат на глобалниот еколошки предизвик со кој се соочуваат, со примена на ИКТ.
Партнерството GIVE ќе се базира на меѓу кластерска, прекугранична, регионална и индустриска соработка.
Ова е голем предизвик, бидејќи во проектот има осум партнери од седум различни земји, два различни европски региони и три значајни индустрии.
Вкупниот буџет за проектот е 197.858,00 евра, со времетраење од 24 месеци. Предвиден датум за почеток е февруари, 2018 година.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48