Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ - ФОРУМ

ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот
26 Септември 2017 (вторник), хотел „Александар Палас“ - Скопје
www.seeita.org

 

Banner_FORUM_masitПочитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на претстојниот ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот кој ќе се одржи во вторник, 26.09.2017, со почеток во 10:30 часот, во хотел Александар Палас, Скопје.

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива во кој МАСИТ е партнер заедно со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо – Западна Македонија и Епи Центар Интернационал. Целта на проектот е да им помогне на микро, малите и средни компании да бидат подобро усогласени со законската регулатива а воедно да им помогне на бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог со надлежните институции во насока на подобрување на регулативата.

Целта на форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со регулативата на работните односи а кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:

  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси) – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените) – Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант
  • ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Професор и експерт од Бугарија  
  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на коja покрај експертите се поканети и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, Министерство за информатичко општество и администрација, Државен инспекторат за труд, претставници од ИКТ приватниот сектор, претставници од факултетите кои образуваат ИКТ кадри и претставници од интернационални организации кои имаат активности во оваа област. 

Врз основа на презентациите и дискусиите за време на Форумот, во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива соодветно ќе бидат подготвени и формулирани конкретни барања и предлози за измени и дополнувања на законските одредби од областа на работните односи и заеднички со партнерите во проектот истите ќе бидат соодветно адресирани до надлежните институции. Учесниците на форумот ќе имаат можност активно да учествуваат во дискусијата со поставување на конкретни прашања и предлози и споделување на свои искуства кои ќе бидат земени во предвид при формулирањето на предлозите.  

АГЕНДА - Повеќе информации за темите кои ќе бидат опфатени можете да најдете во агендата.

РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација.  

For ENGLISH VERSION of the invitation & details please use the following LINK .

Овој настан се организира во рамки на МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ (26-27.09.2017) во рамки на кој ќе се одржи иКонференција за иновативни ИКТ решенија и трендови, на 27.09.2017, за која повеќе информации можете да најдете на www.seeita.org а за истата дополнително ќе добиете покана со посебен маил.

За сите новости следете го Facebook event-от.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани