Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Презентација на работен план 2018

Partnerstvo_za_podobra_biznis_regulativa

 

Партнерство за подобра бизнис регулатива
26 октомври 2017 , Скопје 


Во рамките на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во партнерство со  Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии,  беше презентиран работниот план за 2018 година, како и истражувањето направено од стопанските комори со цел да се детектираат најголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите и заеднички со надлежните институции да се работи на нивно надминување.                                                                                                                                          

Работниот план за 2018 година  содржи бројни активности во насока на подобрување на капацитетите на внатрешните и надворешните правни и финансиски советници, потоа подобрување на размената и пристапот до информации, зголемена финансиска и правна усогласеност на компаниите со регулативата, како и подобра бизнис регулатива како резултат на предлозите на приватниот сектор со цел севкупно подобрување на деловното опкружување.

На презентацијата присуствуваа и претставници на кабинетот на претседателот и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, ресорните министерства, советници кои имаа можност да се запознаат со активностите на проектот како и  резултатите од спроведеното истражување од страна на коморите кое ги опфаќа најсуштинсите прашања поврзани со секојдневното работење на компании, како соработка со инспекциски служби, регулатива, развој и вработување како и  севкуната деловна клима во земјата.

Четирите комори преку проектот на УСАИД за прв пат работат заедно се со цел подобување на деловното опкружување во Република Македонија. Проектот е предвидено да трае четири години, односно до септември 2020.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани