Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ Новогодишна забава 2018

Novogodisna_zabava_karta

Со големо задоволство ви ја најавуваме нашата традиционална Новогодишна забава на МАСИТ. Забавата ќе се одржи во Public Room на 21.12.2017 година со почеток од 21:15 часот. Oваа година сакаме нашата новогодишна забава да има и хуманитарен карактер.
Ве покануваме заедно да им ги разубавиме претстојните празници со новогодишни слатки пакетчиња на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и децата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Да покажеме дека ИКТ заедницата во нашата земја е општествено одговорна и се грижи за најмалите и најважни членови на нашето општество.

За таа цел за вашето присуство на овогодинешната новогодишна забава, би сакале да ви понудиме два пакети по избор кои ќе можете да ги нарачате/комбинирате:

I пакет: влезница + пијачка во износ од 250 денари со вклучен ДДВ

II пакет: влезница + пијачка + новогодишно пакетче во износ од 400 денари со вклучен ДДВ

Ги очекуваме вашите нарачки на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до четврток, 14.12.2017. Бројот на карти е ограничен.

Влезниците се подигаат по платена профактура, од канцеларијата на МАСИТ, почнувајќи од петок 1.12.2017.

Од страна на МАСИТ ќе биде организиран транспортот на пакетчињата до дечињата, со имиња на компаниите кои се дел од овој хуман проект.

Придружете ни се заедно да ја шириме хуманоста и убавата мисла, да ги менуваме работите и да инспирираме! 
Да го одбележиме крајот на годината со убавини и да продолжиме така и во следната година.

Ги очекуваме вашите пријави, а ние ви ветуваме незаборавна забава и дружење!

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018