Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан информативен настан на тема „Работни односи“ во Битола, во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

 

 

 

Screenshot_15

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 06 февруари 2018 година во хотелот „Епинал“ - Битола, се организираше информативен настан на тема: „Приоритетни прашања и проблеми за промена на Законот за работни односи“ и Подготовка на предлог Закон за Практикантство – дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози.

Информативниот настан беше спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Целта на овој информативен настан беше да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Предавачи на информативната сесија беа г. Јован Најденовски, адвокат и управител на адвокатско друштво Најденовски и г-ѓа Никица Косиникова, основач и раководител на здружението Конект, Претседателка на Националниот совет за развој на волонтерството, член на Националното координативно тело за ООП и претставник на Локалните мрежи на Глобалниот договор од Источна Европа во Советодавната Група на ГД на Обединетите Нации.

На инфо сесијата присуствуваа 40 учесници, претставници на компании од повеќе сектори како ИТ индустрија, градежништво, консалтинг услуги, едукација, и државни институции. Низ дискусија беше побарано од учесниците во неколку наврати активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците се активно поставија прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата.

Screenshot_16

 

Screenshot_17

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48