Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ПОКАНА за учество на две дводневни обуки

 

logoa_gore

 ПОКАНА 

За учество на дводневни обуки за стручно усовршување за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа

Во рамки на проектот финансиран од страна на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, имплементиран од страна на Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје во партнерство со Стопанската Комора на Македонија, Стопанската Комора на северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојузот на Стопански Комори на Македонија, се спроведуваат две дводневни обуки наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Обуките ќе се спроведуваат од областа на секторите текстил на 27.02.2018 - 28.02.2018 и градежништво 13.03.2018 – 14.03.2018.

Правните субјекти кои на обуките ќе учествуваат со минимум две вработени стручни лица ќе може да аплицираат во натамошната фаза од имплементирање на активноста - Ваучер шема како дел од Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, односно ќе бидат потенцијални даватели на услуги за корисници на Ваучер шемата.

Имено:

  1. Оние правни субјекти кои ќе земат учество на обуката од областа на текстил, ќе станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата на правни субјекти од текстилната индустрија;
  2. Оние правни субјекти кои ќе земат учество на обуката од областа на градежништво, ќе станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата на правни субјекти од градежната индустрија.

Заинтересираните правни субјекти истовремено имаат право да бидат учесници на двете дводневни обуки наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, а со тоа истовремено да станат потенцијални даватели на услуги на корисници на Ваучер шемата и од областа на текстил и на градежништво.

Корисници на Ваучер шемата ќе бидат правни субјекти од областа на текстил и градежништво, кои ќе бидат избрани преку јавен повик и ќе ги користат услугите за стручни работи за безбедност при работа.

Повеќе детали за обуките, како и работната програма и пријавата, можете да ги погледнете во официјалните покани:

- Дводневна обука од областа текстил, 27.02.2018 - 28.02.2018
- Дводневна обука од областа градежништво, 13.03.2018 - 14.03.2018


logoa_dole

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018