Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана инфо сесија на тема: “Законски прописи од областа на животната средина“

 

 

Info_sesija_TCC2

На 15.03.2018 година во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје, се одржа инфо сесија на тема “Законски прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите“ во рамки на Проектот на УСАИД - Партнрство за подобра бизнис регулатива.

На настанот се презентираше краток осврт на постојните закони „Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема“ и „Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори“, како и се идентификуваа предлозите за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки кои произлегуваат од законите за животна средина, за подобро бизнис опкружување.

Info_sesija_TCC

- „Ова се закони кои ги вмрежуваат компаниите, општините и останатите чинители во општеството, така што ќе разгледаме дел од прашањата кои се проблематични и ќе дадеме и предлог решенија кои подоцна ќе бидат воведени во новите измени во двата закони“ - изјави г-ѓа Анита Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ.

- „Има колективни постапувачи за управување со отпад од електрична и електронска опрема. Потребно е да постои соработка помеѓу колективните постапувачи со отпад и општините за да може да се собере овој вид отпад што потекнува од домаќинствата, но и отпад како што е електричната и електронската опрема и батериите и акумулаторите. Интересот за усогласување на законодавството пред се е за доброто на земјава. Добро законодавство значи подобра животна средина“ - изјави г-ѓа Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за оправување со отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Info_sesija_TCC3

Учесниците беа запознаени со разграничените одговорности помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот од електронска и електрична опрема, со цел воспоставување на ефикасен систем за управување со отпадот, како и минимизирањето на негативните влијанија од отпадот од електронска и електрична опрема. Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни.

Информативниот настан беше спроведен од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. 

Info_sesija_TCC1

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

Nastani_slikice