Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Продолжување на оглас за потенцијални корисници на „Ваучер шема“

 

 

logoa_gore2

Оглас за потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа

Проектот финансиран од УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, кој се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска Комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија, спроведува постапка за избор на потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги – ваучери од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручни работи за безбедност.

Максималната вредност на ваучерот, во која не е вклучена контрибуцијата на претпријатијата не може да надмине 1,000 УСД во денарска противвредност, за едно претпријатие.

Заинтересираните кандидати треба да бидат правни лица со регистрирана приоритетна дејност во секторите: 1) Текстил; или 2) Градежништво.

Временскиот период за извршување на ангажманот е од април 2018 година до септември 2018 година.

На барање на потенцијалните корисници и поради зголемена заинтересираност кај истите се продолжува рокот за:

  • Доставување на барањата до 30.03 2018 година 16 часот (по локално време).
  • Краен рок за поднесување на комплетните апликации е 11.04.2018 година до 16:00 часот (по локално време).

Барањето да се достави исклучиво преку електронска пошта  на следната електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.

Повеќе детали околу контрибуцијата на заинтересираните кандидати, условите, како и потребните документи можете да ги погледнете на целосниот оглас:

- Оглас за потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги

logoa_dole



ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

Nastani_slikice