Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Повик за учество во истражување во рамки на GIVE проект – прибирање на податоци за меѓународна соработка и интернационализација

 


GIVE_logo

МАСИТ е партнер во проектот Green ICT Development – GIVE (https://www.facebook.com/greenictdevelopment/), заедно со 7 асоцијации од регионот кој е финансиран од ЕУ, во рамки на COSME Програмата. Проектот е започнат во декември 2017-та година и ќе трае до декември 2019. Партнери во проектот покрај МАСИТ се: ИКТ кластерот Бугарија, AITA Албанија; Автомобилски кластер Србија, Автомобилски кластер Бугарија, ИТ кластер Клуж, Романија, ИКТ кластер на Централна Србија, Кластер за зелени паметни технологии, Латвија.

Генералната цел на проектот е да се изгради стратешко партнерство, соработка и вмрежување во областа на green smart technologies меѓу трите значајни индустрии: ИКТ индустријата, автомобилската индустрија и обновлива енергија.

Во рамки на проектот се спроведува прашалник кој е наменет за компаниите од наведените сектори, а главна цел на прашалникот е да се пронајдат клучните прoблеми за поставување на заедничка Стратегија за интернационално вмрежување на кластери и меѓусекторска соработка.

Како значаен чинител во рамките на регионалниот екосистем, ве покануваме да дадете ваш придонес и да ја поддржите оваа иницијатива преку обезбедување на податоци релевантни за вашата компанија во областа на меѓурегионална соработка и интернационализација. Податоците ќе послужат за дефинирање на Стратегија за интернационализација кои ќе придонесат за понатамошен развој на економијата и создадат бизнис можности за компаните, како и ќе се обезбедат значајни информации за компаниите од ИКТ индустријата

Ги замолуваме сите заинтересирани да го пополнат краткиот прашалник за кој се потребни 10 минути, со цел МАСИТ како партнер во проектот да прибере релевантно мислење и да придонесе за истражувањето во рамки на проектот. Прашалникот можете да го пополните на следниот линк.

Доколку ви е потребна асистенција во однос на пополнување на прашалникот слободно контактирајте Стефан Додевски на следниот емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на мобилен: 078 269 487

Ви благодариме на соработката.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации поврзани со проектот GIVE, ве молиме следете не и на социјалните мрежи:

Facebook страна:

www.facebook.com/greenictdevelopment 

LinkedIn група:

https://www.linkedin.com/groups/12083393


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018