Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ОДРЖАН ИНФОРМАТИВЕН НАСТАН

 „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи - Проект на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 11 април 2018 година во ресторан „Амор“ - Кочани, се организираше информативен настан на тема: „Права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи“.

Информативниот настан беше спроведен од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Kocani_1

Целта на овој информативен настан беше да се посочат одредби кои во пракса се покажуваат проблематични за примена, кои различно се интерпретираат и кои не кореспондираат со современите потреби на работниот процес. Да се иницираат конкретни решенија за Законски промени имајќи ја во предвид релацијата на Законот за работни односи со други прописи. Настанот беше наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Предавач на информативната сесија беше г. Јован Најденовски, адвокат и управител на адвокатско друштво Најденовски. На инфо сесијата присуствуваа 23 учесници, претставници на компании од повеќе сектори. Низ дискусија беше побарано од учесниците во неколку наврати активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците се активно поставија прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата.

Kocani_2

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018