Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Tренинг на тема: Регулатива за заштита на лични податоци

Trening_zastita

 

МАСИТ во организација со експерти на темата, на 29.05.2018 организираше тренинг на тема Регулатива за заштита на лични податоци – General Data Protection Regulation (GDPR), која ќе ја замени постојната Директива за заштита на податоци 95/46/EC од 1995 година.

Регулатива се однесува на заштитата на личните податоци и слободното движење на податоци и истата ќе стапи на сила на 25 мај 2018 година, за што компаниите имаа период од 2 години да се усогласат со истата. Сите компании од ИКТ секторот се обврзани за воведување на истата во своето работење.

Целта на МАСИТ е да ги поддржи компаниите во процесот до целосна усогласеност на моменталната легислатива со идната, односно со GDPR, преку следниве активности: анализата на моменталната состојба и мапирањето на личните податоци, дефинирање на нивото на ризици во однос на приватноста, обезбедување на усогласено менаџирање на пристапот и користењето на личните податоци, подобрување на безбедност на обработка на лични податоци, како и проверка на спроведувањето на процесот на усогласување и одржување на усогласеноста.

Клучните промени што ги носи GDPR и најголемите импликации се:

•           GDPR има зголемен територијален опфат и сега личните податоци на граѓаните на ЕУ (на пример, компанија надвор од ЕУ што ги обработува податоците на граѓаните на ЕУ) се опфатени со регулативата.

•           Предвидени се поголеми казни, сега компаниите кои не ги исполнуваат условите може да се казнат до 4 проценти од нивниот годишен промет или до максимум 20 милиони евра.

•           Компаниите мора јасно да ги информираат субјектите на податоци дека сакаат да ги добијат нивните податоци и да објаснат во и за кои цели би ги употребувале. Јавноста ќе добие појасен увид кој ги собира нивните податоци, за што ќе се користат истите, колку време ќе се чуваат и кои се нивните права во врска со обработката на податоците.

•           Со GDPR се унапредуваат правата на граѓаните на ЕУ. Во суштина, луѓето ќе можат полесно да ги побараат и да ги видат податоците кои се обработуваат за нив, да побараат нивните податоци да бидат “заборавени”, да побараат нивните податоци да бидат префрлени во друга компанија, итн. Компаниите ќе мора да воспостават системи со помош на кои ќе овозможат лесно да се одговори на овие барања.

•           Постојат построги барања во однос на известување за нарушување на приватноста каде покрај потребата да биде информиран регулаторот, треба во одредени случаи да се извести и субјектот на личните податоци во времетраење од 72 часа од дознавање за инцидентот кое може да има силно негативно влијание врз репутацијата на компанијата.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

naslov

Konferencija_27.09.2018_-_naslov