Потпишување на Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“
На 09.05.2018 година во Владата на Република Македонија, во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ четирите комори-партнери во проектот, потпишаа Меморандум за соработка со Владата на РМ.
МАСИТ со години работи на иницијативата за олеснета и директна комуникација помеѓу Владата и бизнис заедницата и потпишувањето на меморандумот претставува голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор.
Предлозите за измените и подобрување на регулативата кои ќе се комуницираат преку оваа платформа ќе бидат детално продискутирани помеѓу редовите на бизнис заедницата, со цел подобрување на законската регулатива во Република Македонија, што ќе придонесе за развиено деловно опкружување и конкурентно македонско стопанство.