Со особено задоволство би сакале да ви го најавиме одржувањето на двата претстојни настани:
24 Септември 2018 во Битола и 26 Септември 2018 во Скопје
ФОРУМ: Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија / општествени и економски промени
Форумот се организира во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во кој МАСИТ е партнер и е наменета за обработување и дискусија на теми поврзани со регулативата во ИКТ секторот.
27 Септември 2018 во Скопје
КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАСИТ: Дигитална трансформација во Македонија / предизвик или реалност
Оваа конференција е организирана од МАСИТ како главен организатор и има за цел да обработи теми од интерес на ИКТ компаниите како што се: Internet of things, Security и Cloud Computing.
Регистрациската форма за присуство на наведените настани е достапна на следниот линк.
*Присуството на Форумот и Kонференцијата е бесплатно со задолжителна претходна регистрација
За сите дополнителни прашања во врска со настаните обратете се на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .