Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ го одбележа Светскиот ден на храната

image1-696x928

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) го одбележува Светскиот ден на храната 16ти Октомври со донација на свеж органски зеленчук на Центарот за бездомници во Чичино Село Скопје во соработка со Црвениот Крст на Македонија. По иницијативата на претстедателот на Управниот одбор на МАСИТ – Горан Попоски, со ентузијазам се обезбедија средства за 100кг свеж органски зеленчук. Донатори во оваа акција се компании и физички лица – членови на МАСИТ и учесниците на овогодинешната МАСИТ конфереција: Дигитална трансформација на Македонија која се одржа минатиот месец, а на која една од клучните теми беше употребливоста на дигитализацијата за добри цели.

Органскиот зеленчук е набавен од Социјалното претпријатие ,,Покров,, од Струмица, чиј модел на работа и одгледување на зеленчукот вклучува лица кои се на третман од зависности во функција на излекување.

Со оваа општествено – одговорна акција, МАСИТ и донаторите реализираа двократна општествена корист: набавка на зеленчук од социјално претпријатие и донација на органски зеленчук на бездомни семејства, каде во пресрет на постудените месеци потребата од оваа храна е потенцирана.

Одбележувањето на Светскиот ден на храната е суров потсетник дека дел од популацијата сеуште се бори со елементарната потреба – храна. Оваа општествено одговорна акција на МАСИТ е една од низата активности кои комората ги превзема во соработка со своите членки и соработници, оставајќи позитивен импринт кај сите општествени групи а во правец на надминување на социјалните разлики.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48