Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан настан: Како до посреќни вработени во ИТ компаниите?


Доброволно приватно здравствено осигурување и осигурување на живот како дел од бенефициите и привилегиите

Nastan_Triglav_1

Настанот кој беше организиран од страна на МАСИТ и Триглав Осигурување се одржа на 20 Ноември 2018 (вторник) од 14:00 – 16:00 часот, во FOUR – Хотел Парк. Темата на настанот: ,,Како до посреќни вработени во ИТ компаниите” произлезе од повеќе фактори:

  1. Се уште високата флуктуација на кадри во ИКТ индустријата
  2. Приоритетите на Генерација Y и Z
  3. Потребата од нефинансиски стимулации за ИКТ кадрите
  4. Глобализираноста на ИКТ проектите и сл.

Настанот и темата главно беа насочени кон ИКТ заедницата и кон професионалци и компании од областа на менџмент на човечки ресурси. Целта беше промоција на животното осигурување како алатка и производ кој може да биде од бенефит за сите инволвирани страни.

Nastan_triglav_2

На настанот се обратија, Анита Никова – директор на МАСИТ која посебно се осврна на успешните проекти на комората за прекфалификација на кадри и на новиот закон за практиканство, Жаклина Гештаковска Алексовска од ИМЕ Проектот која ги презентираше активните мерки за родово – сензуални политики и најдобрите HR пракики на светските ИКТ компании и Митко Теохаров и Александар Андоновки од Триглав Осигурување кои ги промовираа производите за животно осигурување.

Презентациите кои беа презентирани на настанот се достапни на следниот линк.

Nastan_triglav_3


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48