Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ НОВОГОДИШНА ЗАБАВА

Станица 26, 12.12.2018, 21:00 часот

Novogodishna_pokanaposter_2

Ни претстои еден од најубавите периоди во годината, кога оправдано правиме ретроспектива на убавите и помалку убавите мигови и настани од 2018, а со таа дијагонала веќе инстиктивно кроиме резолуции, цели и ветувања за 2019. Нејзиниот дочек, веќе традиционално го одбележуваме со колективна енергија која во основа симболизира прогрес, посветеност и хуманост. Впрочем, ИТ заедницата повеќекратно ја докажа својата инволвираност не само во бизнисот туку и во промовирањето на добри каузи. И така, оваа МАСИТ новогодишна забава тематски ќе обедини се’ што МАСИТ во моментов преставува: комора за ИКТ индустрија, развојни проекти и хумани каузи.

Темата е кратка и јасна: 2018 It’s a wrap!

Цена на влезница + пијачка: 220 денари + ДДВ (сите алкохолни и безалкохолни пијачки се вклучени).

Ги очекуваме вашите нарачки на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , најдоцна до 07.12.2018.
Влезниците се подигаат по платена профактура, од канцеларијата на МАСИТ (ул. Коста Веселинов, бр. 6, влез 1, кат 1).

Добрата журка која по втор пат ќе им ја довериме на бендот Lady Blue, за која сите ве задолжуваме да ја збогатите со супер расположение, ќе ја надградиме и со добрина токму во наш дух: Имено, секој од нас има дома по некој шал, капа, ракавици, јакна, капут, џемпер, панталони, чизми... за било која возраст, за да им ги подариме на тие на кои најмногу им се потребни.

МАСИТ ќе обезбеди посебен пункт за донации на влезот на клубот.

Да стоплиме нечие срце

Ве очекуваме!

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48