Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан првиот Б2Б настан во рамки на Green ICT Development (GIVE) проектот



Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE се одржа првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година. МАСИТ како дел од конзорциумот на проектот го организираше овој настан каде беа присутни над 20 различни организации и компании од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор. Главна цел на настанот е вмрежување на национално и регионално ниво на компаниите од трите сектори.

greenictb2b

За време на првиот ден на настанот од страна одржана и презентација на тема: Smart Transformation од страна на г-дин Alexandru Tulai, потпретседател на Cluj IT кластерот. Исто така во рамки на на агендата од страна на проф. Stelian Brad, претседател на Cluj IT кластерот, беше презентиран финален извештај од состаноците на трите Фокус групи во рамки на проектот, кои беа посветени на следните теми:
• имплементација на меѓу-индустриска соработка (дефинирање на можни технолошки решенија за меѓу-индустриска соработка, нови производи, услуги и иновативни процеси)
• бариери за интернационализација на мали и средни претпријатија
• потенцијал за интернационализација и заинтересирани трети пазари.

 Screenshot_3

За време на вториот ден од настанот во првата сесија беа преставени интересни решенија во рамки на ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор од страна на компаниите. Додека пак во втората сесија беа одржани Б2Б средбите помеѓу присутните компании и организација. Покрај двете погоре наведени сесии, паралелно се одржа и затворена работилница на тема: Design thinking workshop for joint venture in international partnerships спродевена од проф. Stelian Brad, претседател на Cluj IT кластер.

Screenshot_4_b2b

На подолу наведените линкови се достапни повеќе фотографии и сите сите слики и презентации од настанот.

ФОТОГРАФИИ

ПРЕЗЕНТАЦИИ

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48