Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија потпишаа меморандум за соработка

 

memorandum1_1

 

МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку меморандум за соработка со заеднички заложби за подобра е-трговија во Република Македонија потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседатот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и Извршниот Директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова.

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релвантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

 “Соработката помеѓу МАСИТ и АЕТМ е од големо значење за надминување на клучните предизвици на патот кон дигитализацијата за Република Македонија. Имаме одлични идеи и енергија во двете организации и цврство верувам дека синергијата ќе придонесе многу за нивно адресирање. Особено ќе се фокусираме на подигање и прогрес во целокупното ниво на дигитални вештини и компјутерска писменост на населението, но и на бизнисите.” - вели Д-р Нина Ангеловска

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1