Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

7TH SOUTH-EAST EUROPEAN (SEE) EXHIBITION & CONFERENCE ‘SMART CITIES’


smart_cities

Седмото издание на South-East European (SЕЕ) exhibition & conference "Smart cities" ќе се одржи од 16-18 април 2019 во Софија, Бугарија. Конференцијата е насочена кон паметни градби, транспорт, инфраструктура и јавни услуги. Регионот на ЈИЕ ги следи светските трендови и прави вистински чекори кон интегрирање на паметни решенија и технологии во инфраструктурата на градовите.

 Зошто да се приклучите на Smart Cities'19?

  • Добро е  позната во ЈИЕ. Настанот ги обединува добавувачите на технологија, дистрибутерите и клиентите и им помага на странските компании успешно да влезат на новиот пазар;
  • Организаторот Via Expo им овозможува на учесниците многу онлајн опции - идеална платформа за промовирање на нивните производи;
  • Можност за барање дистрибутери / соработници е нова услуга која им овозможува на учесниците да најдат партнери во регионот;
  • Јуоисточниот Европски пазар е со бизнис потенцијал.

    На конференцијата "Smart Cities" 2019 ќе се стави акцент на: Паметно управување, Паметни транспорт и мобилност, Паметни решенија за објекти и Животна средина.
     

3 нови зони на "Smart cities" 2019:

  • 'Start-ups'-Тоа ќе помогне за промоција на производи и / или услуги на start-up компании кои учествуваат. Учесниците ќе можат да ги истражуваат можностите да најдат инвестиции и да најдат нови клиенти.
  • "Финансирање"
  • "Индустриска зона".
     

Решенија кои ќе бидат презентирани на настанот:

IoT решенија; Индустриска и домашна автоматизација; Паметни системи во транспортот, енергијата и јавната администрација; Безжични мрежни системи и ИКТ за осветлување, следење на сообраќајот и паркинг услуги, е-здравство; паметно мерење; хардверски и софтверски производи, решенија за собирање на урбан отпад врз основа на cloud технологијата и др.

Во изданието од конференцијата во 2018 година:

  • Учествуваа изложувачи од Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Италија, Литванија, Холандија, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска и Турција.
  • 3500 трговски посетители од 15 земји 
  • Спикери и учесници од 20 земји

Присуството на конфренцијата е бесплатно.

Ако сакате да бидете дел од европскиот пазар на ЈИЕ - пријавете го вашиот интерес тука.

Повеќе инфорамации на: www.viaexpo.com

контакт :  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1