Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Најавен е третиот “B2B“ настанот во Рига, Латвија на тема "Дигитализација во производните процеси"

 

 

Latvia_16-17_april

По првите два успешни “B2B“ настани во рамките на проектот Green ICT Development (GIVE) кои се одржаа во Скопје, на 12-13.12 2018 година и во Тирана, Албанија на 21-22.02 2019 година, со задоволство ви го објавуваме и ве покануваме да присуствувате на третиот “B2B“ настан со фокус на "Дигитализација во производните процеси", кој ќе се одржи во Рига, Латвија на 16-17.04 2019 година.

Сите компании на настанот ќе имаат можност да презентираат свои производи и услуги, а по презентациите ќе бидат организирани Б2Б средби. Ве молиме имајте во предвид дека за пријавување на Б2Б средбите ќе биде достапна онлајн платформа за која ќе ве информираме дополнително.

Главна цел на проектот GIVE е да се оствари соработка и со цел креирање на нови производи и услуги помеѓу ИКТ, автомобилскиот и Green-Tech сектор. На настанот покрај компании од Латвија ќе присуствуваат компании и бизнис организации од: Албанија, Бугарија, Романија и Србија.

Во рамки на дводневната агенда, за време на првиот ден ќе биде презентиран финалниот извештај изработен во рамки на проектот, можности за започнување на бизнис и организирани посети на компании во Латвија. Додека пак презентациите од компаниите и Б2Б средбите ќе бидат организирани за време на вториот ден.

Конкретно, ќе бидат опфатени следните теми насочени кон производни процеси:
1. Решенија за дигитализација
2. Решенија за автоматизација и роботика
3. Cyber security
4. Вештачка интелегенција

За време на настанот “B2B“ учесниците ќе се сретнат, со цел да се вмрежат и да дискутираат за сегашните активности, производи, услуги, заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.

Доколку имате посебен интерес за дополнителни деловни состаноци во текот на настанот во Латвија, ќе ни биде задоволство да ви помогнеме да воспоставите потребни контакти.

Настанот ќе трае два дена и на него ќе присуствуваат претставници на МСП, менаџери на кластери и организации кои доаѓаат главно од секторите: паметни зелени технологии, автомобилската и ИКТ.

Настанот ќе биде организиран од страна на Green and Smart Technology Cluster (Green-Tech Cluster) од Латвија и ќе има регионален карактер, каде што компаниите од трите сектори се од следните земји: Албанија, Бугарија, Латвија, Романија, Северна Македонија , Романија и Србија. “B2B“ настанот е во рамките на проектот Green Ict deVElopment (GIVE).

Регистрациската форма за настанот ќе биде објавена наскоро.


Сите компании на настанот ќе имаат можност да презентираат свои производи и услуги, а по презентациите ќе бидат организирани Б2Б средби. Ве молиме имајте во предвид дека за пријавување на Б2Б средбите ќе биде достапна онлајн платформа за која ќе ве информираме дополнително.
Главна цел на проектот
GIVE е да се оствари соработка и со цел креирање на нови производи и услуги помеѓу ИКТ, автомобилскиот и Green-Tech сектор. На настанот покрај компании од Латвија ќе присуствуваат компании и бизнис организации од: Албанија, Бугарија, Романија и Србија.
Во рамки на дводневната агенда, за време на првиот ден ќе биде презентиран финалниот извештај изработен во рамки на проектот, можности за започнување на бизнис и организирани посети на компании во Латвија. Додека пак презентациите од компаниите и Б2Б средбите ќе бидат организирани за време на вториот ден.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1