Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

World ICT forum 2019, Најроби, Кенија

 

World_ICT_Banner

Во Најроби, Кенија ќе се одржи World ICT forum 2019 од 08 – 09.07.2019 во организација на TraiCon. World ICT forum e стратешки настан на високо ниво, кој ги опфаќа главните индустриски трендови и развој на ИКТ индустријата за паметни инфраструктури, урбанистичко планирање, одржлива мобилност, импликации за вештачка интелигенција, блокчеин, паметна здравствена заштита, паметна безбедност и друго. World ICT Forum е глобална платформа која е создадена со цел да се креира максимална вредност во однос на враќање на инвестиции и време. Учесници на овој форум ќе бидат од различи сектори: производство, логистика, банкарство, финансии, осигурување, здравство, земјоделство, информатички технологии, телекомуникации, е-трговија и слично.

Цената за учество на овој настан изнесува USD 199. Бенефитите кои ќе ги добијат компаниите се следни:
• пристап на компаниите во делот за панел дискусии, тркалезни маси, студија на случај и бреинсторминг сесии
• ручек и кафе паузи за 2та дена
• сите презентации од настанот 

Дополнително, вториот вид на карта изнесува USD 1499, но членовите на МАСИТ ќе добијат попуст и цената би изнесувала USD 1299. Во цената на оваа карта се вклучени информации за присутните (емаил и телефонски број) кои ќе ги добијат по настанот и ќе имаат пристап до сесии за вмрежување. Компаниите кои се заинтересирани да понудат спонзорства ќе имаат 15 проценти попуст, на секој пакет. Цената за секој од пакетите ќе ја добиете откако ќе се регистрирате.

На следниот линк може да прочитате повеќе информации за форумот, а на следниот линк може да се регистрирате. Ве молиме сите кои се заинтересирани откако ќе се регистрирате да не информирате на следниот меил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1