Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ Е-информатор, ноември - јануари 2018/19

 

me.nj1

АКТИВНОСТИ


 Активности на МАСИТ во однос на воведување на прогресивен данок
 Ноември 2018

me.nj2

Во изминатиот период МАСИТ работеше на низа активности поврзани со даночната реформа која беше воведена од страна на Владата, односно прогресивно оданочување на данок на личен доход. На наведените линкови подолу можете да најдете подетали информации за сите активности:

  • Прочитајте го официјалниот став на МАСИТ во однос на воведувањето на прогресивниот данок и целокупната даночна реформа
  • Стопанските комори излегоа со заедничко барање за одложување на најавените даночни реформи за воведување на прогресивно оданочување, за најмалку 5 години. Повеќе информации за ова барање се достапни на следниот линк
  • Гостувањето на г-ѓа Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ и г-ѓа Данела Арсовска, Претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија во студиото на Телма ТВ, во емисијата Топ Тема. Емисијата во целост е достапна на следниот линк
  • Интервју на Г-ѓа Анита Никова, Извршен директор на МАСИТ за Канал 5 телевизија, кое можете да го погледнете на следниот линк
  • Г-ѓа Маријана Андриќ, како финансиски консултант на МАСИТ, дебатираше за најавената даночната реформа во емисијата на Makfax

 Одржан настан: Kако до посреќни вработени во ИТ компаниите?
Доброволно приватно здравствено осигурување и осигурување на живот како дел од бенефициите и привилегиите
20 Ноември 2018

me.nj3

Настанот кој беше организиран од страна на МАСИТ и Триглав Осигурување се одржа на 20 Ноември 2018, во FOUR – Хотел Парк. Темата на настанот: ,,Како до посреќни вработени во ИТ компаниите” произлезе од повеќе фактори: се уште високата флуктуација на кадри во ИКТ индустријата, приоритетите на Генерација Y и Z, потребата од нефинансиски стимулации за ИКТ кадрите, глобализираноста на ИКТ проектите и сл. Настанот и темата главно беа насочени кон ИКТ заедницата и кон професионалци и компании од областа на менџмент на човечки ресурси. Целта беше промоција на приватно здравствено осигурување и осигурување на живот како алатка и производ кој може да  се користи за зголемување на задоволството на вработените. Повеќе информации


 МАСИТ присуствуваше на EU-Western Balkans Cluster Policy Learning and Matchmaking во Загреб
22-23 Ноември 2018

me.nj4

МАСИТ присуствуваше на EU-Western Balkans Cluster Policy Learning and Matchmaking Event во Загреб, Хрватска на 22-23.11.2018 година. На настанот беше претставен Green ICT Development - GIVE проектот и 3B ICT Network. European Cluster Collaboration Platform (ECCP) објави статија за одржаниот настан каде можете да прочитате краток testimonial од Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова. Повеќе


Барање за автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност - директно влијание врз бизнис климата
29 Ноември 2018

me.nj5

Поттикнати од потребата на компаниите од ИКТ секторот и услужните дејности, а со цел автентично толкување на член 14, став 3, точка 1 и 5 од Законот за данок на додадена вредност, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Меѓународната невладина организација Македонија2025 и Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, поднесоа барање за автентично толкување  до Собранието на Република Македонија. Повеќе


Одржани обуки и сертификација за Professional Azure Master и Professional Scrum Master 
Ноември -  Декември

me.nj6

МАСИТ организираше две обуки проследени со соодветна сертификација во периодот на ноември и декмври 2018 година:
  • Microsoft Azure обука која беше одржана на 19 - 23.11.2018 година, спроведена од страна на Семос Едукација.
  • Profesional Scrum Master обука која беше одржана на 11-12.12.2018 година, спроведена од страна на ICT Cluster Vojvodina и effective.agile.
Обуките беа поддржани од страна поддржана Министерството за економија преку проект од Програмата за Кластерско здружување.

Новогодишна забава на МАСИТ 2019
12 Декември 2018

me.nj7

Традиционално МАИСИТ организираше новогодишна забава за своите членки, партнери и соработници, чија масовност и содржина од година во година расте. Оваа година, забавата обедини повеќе од 300 гости од ИКТ секторот, граѓанскиот сектор, образованието, медиумите и владата, овозможувајќи простор за сумирање на промените кои ги донесе 2018-тата година и планирање на целите за 2019-та. МАСИТ во соработка со Црвениот Крст на Македонија организираше донација на топли зимски парчиња облека за згрижените семејства во центарот за бездомни лица во с. Чичино, Скопје. Повеќе информации


Одржан првиот Б2Б настан во рамки на Green ICT Development (GIVE) проектот 
  12-13 декември 2018

me.nj8

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE се одржа првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година. МАСИТ како дел од конзорциумот на проектот го организираше овој настан каде беа присутни над 20 различни организации и компании од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор. Главна цел на настанот беше вмрежување на национално и регионално ниво на компаниите од трите сектори. За време на настанот на вториот ден во првата сесија беа претставени интересни решенија во рамките на ИКТ, автомобилскиот или green tech секторот од страна на компаниите. Повеќе


 МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија потпишаа меморандум за соработка
19 Декември 2018

me.nj9

Меморандумот за соработка го потпишаа претседатот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и Извршниот Директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова. МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија со заеднички заложби за подобра е-трговија во Република Македонија го потпишаа овој меморандум за соработка со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија. Повеќе информации


Стопанските комори ќе добијат писмени известувања од економските ресори за нивните клучни барања
20 Декември 2018

 me.nj11

На 20.12.2018 година се одржа втората седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, којашто произлезе како резултат на склучениот меморандум за соработка помеѓу Владата и најголемите четири стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Сојуз на стопански комори и Стопанска комора на Северозападна Македонија). Главната цел на овој процес е да се воспостави дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор, да се акцентираат веќе детектираните проблематични делови од одделни закони и да се укаже на потенцијални измени и регулаторни норми кои се тешки или невозможни за соодветна имплементација и не ја постигнуваат целта на своето постоење.Повеќе 


 Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова во интервју за магазинот Капитал
18 Јануари 2019

me.nj12

Во магазинот Капитал, имате можност да прочитате екслузивно интервју со Извршниот директор на МАСИТ, г-ѓа Анита Никова, Извршниот директор на Македонија2025 , г-ѓа Билјана Маркович и Извршниот директор на Amcham Македонија, г-ѓа Дијана Деспотов. Во него можете да прочитате повеќе за бизнис климата во Македонија и очекувањата за 2019 на економски план. Повеќе


Одржана работилница на тема: Дигитална трансформација - како понатаму?
31 Јануари 2019

me.nj13

На 31.01.2019 година МАСИТ организираше Работилница на тема: Дигитална трансформација - како понатаму? која се одржа во просториите на Brainster. Модератор и предавач на работилницата беше Г-дин Љубомир Трајковски - консултант за управување со дигиталната трансформација, Т & П Консалтинг. Повеќе


ИДНИ НАСТАНИ И МОЖНОСТИ


Втор Б2Б настан во рамките на проектот Green ICT Development
22 февруари 2019 година

me.nj14

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE ќе се одржи втората  Б2Б средба во PROTIC ICT Resource Center во Тирана, (Албанија)  на 22 февруари 2019 година. На овој настан ќе присуствуваат организации и компании од ИКТ, автомобилскиот и green tech секторот од следните земји: Бугарија, Албанија, Србија, Романија и Латвија. Ги повикуваме сите заинтересирани компании од ИКТ секторот, автомобилската и green tech индустријата да се пријават на наведениот линк.


Втор циклус на проектот за преквалификација на кадри -  frond end web developer
Март 2019

me.nj15

Во следниот период, на почетокот на месец март 2019 година, МАСИТ ќе започне да работи на проект за преквалификација на кадри. Станува збор за проект преку кој ќе се реализира преквалификација на кадри, во кој ќе бидат опфатени невработени лица, каде што заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство (надвор од оние со кои веќе се здобиле) за ИТ профили кои се потребни на ИКТ компаниите, кои во иднина потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите. Повеќе


info_za_masit

МАСИТ e партнер во развојот на агрегатниот порталbiznisregulativa.mk кој е дел од активностите  на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. На овој портал бизнис заедницата може да се информира за најновите настани и бизнис активности во државата, како и за промените во законската регулатива поврзана со секојдневното работење.

 BR

МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.

 
WITSA_logo

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 27 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

 3BICT

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 други асоцијации, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот.

givr_logo_vol_3 
МАСИТ е дел од European DIGITAL SME Allianceе, во која членуваат 28 национални и регионални асоцијации и ја претставуваат најголемата мрежа за мали и средни претпријатија во ИКТ секторот во Европа.  Digital_SME

 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1