Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ Е-информатор, мај - јули 2019

masit_info_1.2

               АКТИВНОСТИ

         Одржана Конференција PANTHEON 2019
                           14 мај 2019

masit_info_1.3

МАСИТ во соработка со Даталаб Македонија ја организираа Конференцијата PANTHEON  2019 на тема: „Дигитализација 2019“, која се одржа на на 14.05.2019 година во хотелот Мериот. На Конференцијата беа истакнати актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON од страна на  реномирани експерти од областа
Прочитајте повеќе

 Форум на тема: "Механизми за елиминација на сивата економија,    имплементација и очекувани резултати"

                                         16 мај 2019

masit_info_1.4

Во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис на 16.05.2019 година во хотел Александар Палас беше одржан Форум на тема: "Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати". Проектот се спроведува од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори: Стопанската комора на Македонија,  МАСИТ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија. На настанот се разви дебата за решенија за нелојалната конкуренција која произлегува од сивата економија, а свој придонес дадоа домашни и странски експерти, како и владини претставници од надлежните сектори

Прочитајте повеќе

Финансиската консултантка на МАСИТ г-ѓа Маријана Андриќ гостуваше во емисијата Детектор на Сител Телевизија
                                          19 мај 2019

masit_info_1.5

Финансиската консултантка на МАСИТ г-ѓа Маријана Андриќ гостуваше во емисијата Детектор на Сител Телевизија, во која се дискутираше на тема: Бизнис клима за домашни и странски инвестиции. Во емисијати исто така гостуваа и Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори г-дин Кочо Анѓушев и г-дин Александар Младеновски, директор на дирекцијата за ТИРЗ. На наведениот линк можете да ја проследите емисијата во целост.
Прочитајте повеќе

Одржана прес-конференција во МАСИТ за Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност
                                        23 мај 2019

masit_info_1.6

На 23.05.2019 година во МАСИТ се одржа прес-конференција во МАСИТ за Автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност на која свои изјави дадоа министерот информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски, генералниот секретар на Владата г-дин Драги Рашковски, финансискиот консултат на МАСИТ, г-ѓа Маријана Андриќ, г-дин Ивица Јефтиќ, адвокат и главниот извршен директор на Македонија 2025, г-ѓа Никица Мојсоска Блажевски.
Аветентичното толкување ќе силен поттик за домашните и странски компании од информатичко-комуникациската индустрија и понатаму да продолжат со инвестиции и отворање нови работни места.
Прочитајте повеќе

                   Стапува на сила Законот за практиканство
                                         29 мај 2019

masit_info_1.7

МАСИТ во соработка со стопанските комори во рамки на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, работеше на повеќе активности кои резултираа со изготвување на новиот Закон за практикантство. Со овој Закон за првпат се уредува практикантската работа со што ќе се овозможи непречено стекнување на практично искуство на невработените лица, зголемување на нивните вештини и полесно вклучување на пазарот на труд.
Прочитајте повеќе

          Компании членки на МАСИТ дел од саемот ANGA COM
                                        4-6 јуни 2019

masit_1.8

Компаниите членки на МАСИТ - ASI (Alternative System Integration) и Netra, од 4-6 јуни, во Келн, Германија беа дел од саемот ANGA COM, со национален штанд кој беше поддржан од Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

Одржана обука на тема: Регулатива за заштита на лични податоци за ИКТ
                                            13 јуни 2019

masit_1.9

МАСИТ и Национално здружение за промоција на правото на заштита на личните податоци ПРАЈВАСИ Скопје на 13.06.2019 година организираа обука на тема Регулатива за заштита на лични податоци за ИКТ. Обуката беше одржана во просториите на Brainster, каде присуствуваа повеќе од 30 лица, а предавањето беше одржано од г-дин Димитар Ѓеорѓиевски, искусен имплементатор на ГДПР во државата. Пред самиот почеток на обуката беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и ПРАЈВАСИ.

Информативен настан на тема: „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори“
                                            18 јуни 2019

masit_info_2.0

Во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис на 16.05.2019 година во хотел Алексадар Палас беше одржан Форум на тема: "Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати". Проектот се спроведува од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори: Стопанската комора на Македонија, МАСИТ, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија. На настанот се дискутираше за селективноста на Законот за финансиска дисциплина, тешкотиите при негова примена во пракса, долгите процедури и неможноста доверителите да си ги наплатат долговите
Прочитајте повеќе

Одржан настан: Брзо вмрежување помеѓу млади професионалци
                                         18 јуни 2019

masit_info_2.1 

Американската стопанска комора во Македонија (AmCham) со поддршка од МАСИТ и Стопанска комора на Северо-западна Македонија на 18.06.2019 година во Umbrella Bar организираше неформален настан за брзо вмрежување помеѓу младите професионалци од сите позиции во компаниите членки на трите комори.

Одржан четврт Б2Б настан во рамките на GIVE проектот во Белград, Србија
                                          19-20 јуни 2019

masit_info_2.2

На 19-20 јуни 2019 година во Научниот технолошки парк во Белград, Србија се одржа четвртиот “B2B” настан во рамки на проектот Green ICT Development (GIVE). На настанот присуствуваат повеќе од 40 претставници на компании и организации кои имаа можност да проследат презентации во областа на соработка помеѓу секторот за зелени и паметни технологии, автомобилскиот и ИКТ сектор. По презентациите сите имаа можност да одржат Б2Б средби.
Прочитајте повеќе

Презентација на финалните проекти во рамки на Проектот за преквалификација на ИКТ кадри
                                        27-28 јуни 2019    

 masit_info_2.3

МАСИТ во соработка со Brainster успешно ја спроведе програмата во рамки на вториот циклус од проекот за прекавлификација на ИКТ кадар. Програмата е поддржан од Проектот на УСАИД регионален економски раст (РЕГ) во која 34 млади луѓе се стекнаа со ИКТ знаења и вештини од областа на Front End web developers со фокус на react технологијата. Финалните презентации од проектот беа одржани на 27-28.06.2019 година во просториите на Brainster каде студентите ги претставија веб-страниците кои беа креирани како завршен проект со цел презентација на стекнатото знаење.
Прочитајте повеќе

                 Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги
                                       1 јули 2019

masit_info_2.4

МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари. Целосниот прирачник можете да го преземете на линкот подолу.
Прочитајте повеќе

Интервју на правникот на МАСИТ, г-ѓа Александра Чавдаревска за бизнисрегулатива.мк и емисијата Актуелно на Радио Скопје 
                                       1 и 12 јули 2019

masit_2.5

Александра Чавдаревска, правник во МАСИТ во две различни интервјуа разговараше за потребите од измена на законската регулатива во однос на отворање и регистрација на стартап компанија, како и предизвици проблеми се соочуваат компаниите.
Прочитајте го во целост интервјуто на biznisregulativa.mk на следниот линк
Интервјуто за емисијата Актуелно во Радио Скопје можете да го преслушате на следниот линк.

Одржан информативен настан: Законските прописи како можност и предизвик за формирање стартап компанија
                                         3 јули 2019

masit_info_2.5

На 03 јули 2019 година, во Битола, МАСИТ заедно со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар интернационал го одржа информативниот настан на тема „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на стартап компанија“, во рамки на Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.
Прочитајте повеќе

Номинации на МАСИТ за глобални ИКТ награди за извонредност, организирани од WITSA
                                           8 јули 2019

masit_info_2.6

МАСИТ номинираше 6 компании-членки со своите решенија на овогодинешниот избор „Глобални ИКТ награди за извонредност” организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги - WITSA. Подетално за секое решените можете да прочитате на наведениот линк.
Прочитајте повеќе

Одржана средба со г-дин Тоше Зафиров, советник на Претседателот Пендаровски
                                       11 јули 2019

masit_info_2.7

Претседателот на Собрание на МАСИТ, Заменик претседателот на МАСИТ и Извршниот директор имаа работна средба со г-дин Тоше Зафиров, советник на Претседателот Пендаровски, за внатрешна политика. Беше дискутирано за можности за соработка на тема работна сила во ИКТ индустрија, извоз на софтвер и ИКТ услуги, како и за поповолна даночна политика за ИКТ секторот. Беше најавена и годишната конференција на МАСИТ, а беше дискутирано и за инклузија на младите во ИКТ секторот и нивно оплеменување со дигитални вештини.

Заменик претседателот на УО на МАСИТ, г-дин Илија Господинов во интервју за Faktor.mk
                                     16 - 17 април 2019

masit_info_2.8

Заменик претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ, г-дин Илија Господинов во интервју за Faktor.mk зборува за теми поврзани со даноци и работна сила. Интервјуто можете да го прочитате во целост на наведениот линк.
Прочитајте повеќе

Претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева даде своја изјава за Сител Телевизија
                                          29 јули 2019

masit_info_2.9

Со цел задржување на ИКТ кадрите во Македонија и поради фактот што ИКТ е најбрзорастечката индустрија во земјава, бараме повластена економска политика”. Изјава на Претседателот на Управниот Одбор на МАСИТ, г-ѓа Анета Антова Пешева за Сител Телевизија на тема: Извоз на ИКТ услуги, економска политика кон оваа гранка и кадри. Целосната изјава ќе биде објавена наскоро.

Истражување во рамки на Проектот MladiHUB - Дигитална младина
                                  јули - август 2019

masit_info_3.0

Во следниот период МАСИТ во соработка Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ќе спроведе истражување за дигитални вештини во рамки на Проектот MladiHUB, поддржан од Британската амбасада Скопје. Целта на проектот е да ги унапреди дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и да ја зголеми нивната вработливост, преку понуда на курсеви и академии за дигитални вештини во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Додека пак целта на истражувањето е да се процени моменталната состојба и да се утврдат потребите од дигитални вештини кои најдобро ќе одговорат на барањата за дигитализација на приватниот и јавниот сектор. Врз основа на оваа проценка, различни типови на дигитални вештини и ИТ модули ќе бидат разработени за понатамошна употреба во проектот.

     ИДНИ НАСТАНИ И МОЖНОСТИ

МАСИТ конференција - DATA AS AN ASSET, хотел Мериот
                                31 октомври 2019 

masit_info_3.1

МАСИТ со задоволство ја најавува својата 16та конференција, која оваа година ја носи темата - DATA AS AN ASSET.
Во рамки на конференциската програма видни интернационални и домашни говорници ќе дискутираат во мултидисциплинарни панели со фокус на следните теми: Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things.
Предвидено е на конференцијата да присуствуваат повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.
Датум: 31.10.2019
Локација: Хотел Мериот, Скопје

Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на http://www.seeita.org.
Бидете дел на еден од најголемите ИКТ настани во државата и регионот!
Регистрирајте се тука 

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

kon_masit_19