Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница на тема: „Трансферни цени"


SBC

МАСИТ има задоволство да ве покани на работилница на една од најактуелните даночни теми -  ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ, која ќе се одржи во понеделник, 22.04.2019, од 10:00 до 13:00 часот во просториите на КПМГ (Соравиа Бизнис Центар, 7-ми кат).

Работилницата ќе биде предводена од даночни експерти од КПМГ кои имаат долгогодишно искуство во областа на трансферните цени.

Главниот фокус на работилницата ќе биде на запознавање со новите законски измени во врска со правилата за трансферни цени во земјата со посебен осврт на законската обврска за поднесување на Извештај за трансферни цени до Управата за Јавни Приходи и формата и содржината на таквата документација.

Ќе дознаете што овие правила значат за вашата компанија, кои се законските обврски и кои се очекувањата за практичната примена и проверка од страна на даночните власти. Ќе можете да поставувате конкретни прашања кои се од интерес на вашата компанија.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамки на работилницата се следните:

  • Измени во законот за данокот на добивка од аспект на трансферни цени,
  • Правилник за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот ,,дофат на рака” и начинот на нивна примена
    • Извештај за трансферни цени (Ниво на група и ниво на даночен обврзник)
    • Методи за трансферни цени
  • Осврт на досегашното искуство, очекувања и дискусија

Учеството на работилницата е бесплатно за членките на МАСИТ за максимум 2ца претставници по компанија, со задолжително пријавување на следниот линк  https://forms.gle/BYAzcVDh2wRpTmNcA .

За компаниите кои не се членки на МАСИТ цената за учество изнесува 1500 денари + 18% ДДВ по учесник.

Заради ограничениот број на учесници ќе биде користен принципот прв дојден – прв услужен.

Доколку имате дополнителни коментари или прашања, слободно контактирајте нè.

PATRON MEMBER

logo_1

 

Supporters

neotel

 

 

Contact Information

ICT Chamber of Commerce - MASIT
St. "Kosta Veselinov“ no.6, entrance 1, floor 1
1000 Skopje, RN Macedonia
tel. 389 75 280 507; 389 78 296 487
e-mail: contact@masit.org.mk

Networking

 color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Events

traicon_1